• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Концерт на класична музика со хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски во Охрид

септември 13, 2025
in Култура
Концерт на класична музика со хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски во Охрид

Во понеделник на 15 септември од 20 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид концерт на класична музика ќе одржат хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски.

Матеска е родена во 2003 година во Охрид. Музичкото образование го почнува во ОМУ „Методи Патче“ под менторство на професорот Наум Џуклески. Под водство на професорот Љупчо Колевски, ја продлабочува својата страст и музичка посветеност. Средното образование го продолжува во Скопје, во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, во класа на професорката Зорица Каракутовска. Во моментов, Христијана е студентка на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Како солист и член на камерни состави, таа бележи значајни успеси на домашната и меѓународната сцена. Христијана  е трикратен државен првак во соло категорија, а заедно со Филип Трајковски го освои и првото место на државниот натпревар по камерна музика. Добитник е на прво место на меѓународниот натпревар „Охрид, те сакам“ во соло категорија, како и во категоријата во камерна музика со Филип Трајковски. Исто така, е добитник на прво место на натпреварот по хармонија, што ја истакнува како музичар со комплетен и разновиден профил. Со Софија Мирческа беа прогласени за апсолутни победници во категоријата на класични ансамбли на „Italia Award“, а на Светскиот куп за хармоника 2023 година го освоија 7-то место, претставувајќи ја Македонија на светско ниво. Освен тоа, има забележано настапи како учесник на Австралиското меѓународно првенство и фестивал на хармоника… 

Филип Трајковски учел хармоника кај професорот Бобан Спасенцовски. Напоредно со основното училиште на 6 годишна возраст го запишале во основно музичко училиште ДМБУЦ Илија Николовски – Луј каде посетувал настава за пијано а потоа за хармоника. Средното музичко училиште Илија Николовски – Луј  го завршил под менторство на професорот Љупчо Колески, а студира на факултетот за музичка уметност во Љубљана под менторство на професорот Борут Загорански. Филип 4 години ја држи титулата државен првак по хармоника во Македонија.  Годинава како македонски претставник освои 3 место на европскиот куп по хармоника кој се одржа во Бијелина – Босна и Херцеговина, Исто така, има освоено многу први места и специјални награди на меѓународни натпревари како што се: “Охрид те сакам”, “Арт ин” Кавадарци, “Сергеј Михајлов” Штип, “Polyhumnia” Скопје, “Акордеон Фест” Књажевац, Србија, “Дани Хармонике” во Бјелина, Босна и Херцеговина и други. Филип, исто така ја претставуваше Македонија на светското првенство за хармоника “Coupe Mondiale 2023” кое се одржа во Бјелина.

Матеска и Трајковски деновиве имаа успешен концерт во Националната галерија – Даут пашин – амам во Скопје.

На концертот во Охрид, тие ќе изведат дела од Бах, Војтенко, Вјуртнер, Анџелис и  Зубитски.  Влезот на концертот е слободен за сите љубители на класичната музика.

Публицитет.мк

Посетеност: 423
Share
Previous Post

„ Tрпејца ве чека“ – фото: Татјана Стојческа

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 423

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk