• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Костадиновска-Стојчевска: Со 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал ги зацврстуваме вредностите кои траат

јануари 3, 2024
in Тикер
Костадиновска-Стојчевска: Со 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал ги зацврстуваме вредностите кои траат

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во работна посета на Општина Вевчани, каде што со градоначалникот Спасе Кочовски потпишаа договор за финансирање на традиционалната манифестација „Вевчански карневал 2024“, еден од најстарите европски и први карневали во државава, зачленет во Светската карневалска федерација.

Костадиновска-Стојчевска во изјавата за медиумите нагласи дека оваа година, со 1,8 милиони денари, една од наjвисоките суми дадени за Вевчанскиот карневал, Министерството за култура ја засилува поддршката на вредностите кои траат и кои со својата автентичност ја издвојуваат македонската култура и историја во светски рамки.  

„Горда сум што активностите во новата година ги започнувам токму од Вевчани, потврдувајќи ја уште еднаш подготвеноста на Министерството за култура за поддршка на проекти кои се македонски бренд, но и подготвеноста за отворен и креативен дијалог со нашите корисници“, посочи Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека карневали има речиси во сите европски земји, но интересот за Вевчанскиот, како облежје на овдешната култура и како туристичка атракција, не стивнува.  

„Вевчанци имаат посебен дух и гостопримство, посебна креативност, духовит и  критичен однос кон општествените случувања што од година в година се попривлечни и атрактивни за светските медиуми и гостите од регионот и од Европа“, рече министерката за култура, која нагласи дека сите овие придобивки, Министерството за култура ги препознава и останува доследен партнер на оваа манифестација, но и на другите содржини кои го афирмираат Вевчани.

Костадиновска-Стојчевска, како дел од проектите за кои е дадена поддршка во Вевчани, го истакна и првиот мурал „Василичарска епопеја“, потенцирајќи дека во Вевчани се вложува и во едукацијата на младите за продолжување на традицијата на фолклорната уметност на следните генерации, а Здружението Културно-уметничко друштво „Дримкол“, кое во континуитет добива поддршка од Министерството за култура, во изминатата година успешно ги презентираше македонскиот фолклор и традиција дома, но и на меѓународните сцени во светот.  

„И оваа година продолжува поддршката за културата во Вевчани како општина која е важен сегмент за нашата богата македонска изворна традиција и која се пренесува на новите генерации. Министерството за култура останува силен поддржувач на вредностите кои ги промовираат македонскиот идентитет и културното наследство“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска, која посака успешна реализација на Вевчанскиот карневал, како и на сите културни активности кои, од Вевчани, шират традиција и автентичност.

Линк од изјавата на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска: 

https://wetransfer.com/downloads/dd563adacb22b73ec5ccc5b32703c0c520240103134947/df7b72be29e59fde5d444e0af89232a520240103135032/398f73?trk=TRN_TDL_01&utm_campaign=TRN_TDL_01&utm_medium=email&utm_source=sendgrid

 

Извор: Министерство за култура 

Посетеност: 124
Share
Previous Post

Поемата „Денес“под шифра „Сенед“, добитник на наградата „Григор Прличев“

Next Post

Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година

Next Post
Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година

Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 124

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk