• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Костадиновска-Стојчевска: Ја продолжуваме соработката со Албанија во борбата против трговијата со артефакти

декември 15, 2023
in Тикер
Костадиновска-Стојчевска: Ја продолжуваме соработката со Албанија во борбата против трговијата со артефакти

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Тирана оствари билатерална средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, по повод првата успешна реституција и враќањето на незаконски изнесеното културно наследство од Северна Македонија кое беше пронајдено во Република Албанија.

 

На средбата се осврнаа на целата процедура и за успешноста на овој историски чин, кој, како што кажаа министерките на состанокот, е резултат на блиската и интензивна соработка меѓу двете држави.

– Успешната соработка е потврда за пријателството и довербата што ги негуваме како министерства за култура на Северна Македонија и на Албанија – рече Костадиновска-Стојчевска, потенцирајќи ги добрата волја и посветеноста од двете страни за заштитата и промоцијата на заедничките културни обележја.

Костадиновска-Стојчевска и Маргарити ги разменија искуствата околу актуелните прашања и процеси во нивните ресори, а посебен акцент беше ставен на следните чекори во спроведувањето на заедничката агенда за заштита на Охридскиот Регион при спроведување на препораките од УНЕСКО.

– Ќе продолжиме со зацврстување на соработката меѓу нашите две земји во областа на културата, зачувувањето на наследството и бескомпромисната борба против нелегалното движење на нашето материјално културно богатство – посочи на средбата Маргарити.

Министерката Костадиновска-Стојчевска порача дека во духот на добрососедските односи и на мултикултурализмот, како основа на нашите регионални политики, ќе се унапредува соработката, најавувајќи ја нејзината идеја и иницијатива за  потпишување Меморандум за разменување стручен кадар, искуства и знаење меѓу уметниците  и институциите помеѓу државите од Западен Балкан.

Извор: Министерство за култура 

Публицитет.мк 

Посетеност: 224
Share
Previous Post

Во чест на Прличев – Конкурс за избор на најдобра беседа на тема: Како против пизмата?

Next Post

Да ја кажеме вистината уште денес наместо утре

Next Post
Да ја кажеме вистината уште денес наместо утре

Да ја кажеме вистината уште денес наместо утре

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 224

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk