
КУД „Ѓердан од бисери” од Охрид , деновиве учествуваше на два престижни ЦИОФФ фестивали,заштитени од УНЕСКО.
Нашите игроорци по четврти пат настапија во Бечеј и Сремска Митровица – Србија.

– Беше прекрасно имаше учесници од цел свет, настапивме на спектакуларни дефилеа и концерти. Достојно го претставивме Охрид и С. Македонија, со оригинални носии кои предизвикуваа воодушевување и овации на секој наш настап.Цела година спремавме нова програма и среќни сме што успешно ја реализиравме, вели за Публицитет.мк Татјана Узуноска – Тренеска уметнички раководител на КУД „Ѓердан од бисери“

Покрај нашето КУД на двата фестивали имало учесници од: Грузија,Мексико,Шпанија,Словачка,Хрватска,Бурунди,Турција,Бугарија,Словенија и домаќинот Србија.
Публицитет.мк






