Спортскиот стадион ,, Атина Бојаџи” или нашиот,, Билјанини извори”, на први август, во очи на Илинден, повторно ќе биде местото кое ќе ни ги разбуди емоциите, преку креацијата на мостовите што го оживуваат минатото, ја одржуваат сегашноста и ја градат иднината.
,, Балкан медиа” ни ги носи Брена како дел од турнејата ,, Имам песму да вам певам” и Саша Ковачевиќ, балканската музичка ѕвезда која посака прославата на својот 40 – ти роденден да ја круниса со настапот во Охрид.
Лепа Брена е синоним за трајност, симбол на една прекрасна ера, чувство, препознатливост, носталгија по времето на безгрижноста, симбиоза на нештата во совршена форма, репер за хитови и мелодии за век и кариера од скоро педесет години.

Од друга страна, Саша е противтежата, миленик на помладата генерација која допрва треба да создава своја индивидуална и колективна музичка меморија.
Организаторите најавуваат врвно доживување, надополнето со озвучување и осветлување според најновите светски трендови, а билетите сѐ уште можат да се набават на www.kupikarta.com
Весна Цветаноска
Публицитет.мк