• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Македонската дијаспора во Италија со конкретни предлози на онлајн состанокот за „Стратегијата за соработка со дијаспората 2025–2030“

ноември 10, 2025
in Актуелно
Македонската дијаспора во Италија со конкретни предлози на онлајн состанокот за „Стратегијата за соработка со дијаспората 2025–2030“

Денес, претставници на македонската дијаспора во Република Италија учествуваа на онлајн состанок организиран од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, посветен на изработката на „Стратегијата за соработка со дијаспората 2025–2030“.

Во дискусијата активно се вклучија:
Венко Трпески, претседател на МКД „Св. Кирил и Методиј“ – Трентино,
Наташа Наумоска од МКД „Т’га за Југ“,
и Ацо Појразов од здружението „Унити пер ил футуро“.

Од името на македонската заедница во Италија, учесниците ја изразија својата благодарност за можноста да се вклучат во процесот на консултации и да придонесат со конкретни предлози и согледувања.

Меѓу клучните теми што беа истакнати се:

  1. Потребата од взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Република Македонија и Република Италија, со цел да се избегнат административни тешкотии и непотребни трошоци за граѓаните кои живеат и работат во Италија.
  2. Проблемот со признавањето и поврзувањето на работниот стаж остварен во двете држави, што е особено важно за лицата кои се приближуваат до пензиски стаж.
  3. Потребата од подобра транспортна поврзаност, преку воведување на авионски линии од Верона и Тревизо до Охрид, што има значење не само за дијаспората, туку и за економско-туристичкиот развој на регионот. Во моментов, најголемиот дел од нашите граѓани патуваат преку соседните држави, со што индиректно се полни нивниот буџет.
  4. Иницијативата за формирање македонски сојуз на здруженијата во Италија, со цел поголема координација, заеднички настап и институционално претставување на нашата заедница.

„Нашата дијаспора во Италија останува активен партнер и е подготвена да даде свој придонес во секоја иницијатива која ќе го олесни животот на нашите граѓани во странство и ќе ја зајакне врската со татковината,“ изјави Венко Трпески, претседател на МКД „Св. Кирил и Методиј“ – Трентино, во име на претставниците на македонската заедница во Италија.

Соопштението е подготвено во име на претставниците на македонската дијаспора во Република Италија.
10 ноември 2025 година

Публицитет.мк

Посетеност: 2.276
Share
Previous Post

И кога е тмурно, Охрид е убав – фото: Мимоза Чолак

Next Post

Љубовта не треба да биде совршена, само треба да биде искрена

Next Post
Љубовта не треба да биде совршена, само треба да биде искрена

Љубовта не треба да биде совршена, само треба да биде искрена

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 2.276

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk