• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Македонска лексика од средината на 16-ти век

август 11, 2024
in Омнубус
Македонска лексика од средината на 16-ти век

Македонскиот јазик не е нов како што некои сакаат да прикажат. Тој се зборува со векови и за него одамна зборувале и пишувале слависти од други држави, иако до втората светска војна немало македонска држава со организирано образование. Ова го вели професор доктор Олга Мишевска – Томиќ, во чии раце случајно се нашол ракопис од средината на 16 век, напишан на македонски јазик.

Во 1940-та година кардиналот Џовани Меркати од Ватиканската библиотека, во фолиите на стар грчки ракопис пронашол македонски текст напишан со грчки букви кој датира од средината на 16-ти век. Го замолил италијанскиот славист Чиро Џанели да го прегледа, а по Втората светска војна во работата му се придружил францускиот славист Андре Вајант.

Како резултат на нивната работа, во 1958-та година Институтот за проучување на словенските јазици од Париз ја објавува книгата „Македонската лексика од 16-ти век“. Благодарение на Тобијас Шир, кој ја пронашол и купил оваа книга во париска антикварница стигнала во рацете на неговата колешка проф. д-р Олга Мишевска Томиќ, која потекнува од Охрид.

„Многу е значајно дека двајца лингвисти коишто не се Македонци ја напишале таа книга и дека сега, кога „македонски“ толку многу се оспорува, можеме да потврдиме дека уште во 16-ти век знаеле за македонски јазик“, изјави проф. д-р Олга Мишевска – Томиќ, професор во пензија.

89-годишната професорка Олга Мишевска – Томиќ вели дека текстот, најверојатно го напишал образуван Грк кој добро го познавал македонскиот јазик, користејќи го костурскиот дијалект.

„Јас кога го споредив со современиот костурски јазик којшто го проучувале наши лингвисти, видов дека многу малку се разликува од тој, скоро ништо, а малку се разликува и од македонскиот современ јазик“, дополни Мишевска – Томиќ.

Македонскиот јазик за којшто станува збор бил напишан повеќе од два века пред печатењето на македонските зборови од четворојазичниот речник од Даниел Москополец и повеќе од четири века пред да се печатат првите студии за македонските дијалекти од Галичник, Бобошница, Сухо и Костур.

Сашо Нелоски – www.mrt.com.mk

Публицитет.мк

Посетеност: 147
Share
Previous Post

АЛПОЈО – Охрид: Лук во прав

Next Post

Отворен ден на Клубот на млади при Црвен крст – Охрид

Next Post
Отворен ден на Клубот на млади при Црвен крст – Охрид

Отворен ден на Клубот на млади при Црвен крст - Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 147

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk