• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 25, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Малото пристаниште во Охрид, опасно за посетителите

ноември 9, 2024
in Актуелно
Малото пристаниште во Охрид, опасно за посетителите

Најатрактивниот простор за фотографирање или да се види во полн сјај стариот дел на Охрид, е малото пристаниште. Особено во текот на летото оваа локација е магнет за големиот број туристи, но и за охриѓани кои тука се капат, меѓутоа во последната деценија престојот на овој простор е ризичен, бидејќи старата конструкција е руинирана и постојано во езерото се одронуваат поголеми камења. Експертите и граѓаните бараат реконструкција и ревитализација на пристаништето за да се избегнат било какви несреќи …

Малото пристаниште како што го нарекуваат охриѓани е изградено кон крајот на 50-тите години од минатиот век како дел од проектот на тогаш најатрактивниот хотел „палас“ и оттогаш до денес е една од најпосетуваните локации во градот.

Овој простор нуди можеби најубава панорама на Охрид од езерото, меѓутоа од друга страна сите посетители што доаѓаат овде се изложени на опасност, затоа што тој се распаѓа и е полн со пукнатини, што значи дека што поскоро треба да се работи на негова санација.

Според експертите од безбедносен аспект овој објект е опасен за луѓето.

„Ова е една конструкција да кажеме, рамка од колци којашто внатре е полнета со камења, кршен камен, а сега со тек на време, нормално условите, вода, ветер и т.н. си го направиле своето“, изјави Иво Лазароски-архитект.

Граѓаните го делат ставот на експертите и очекуваат санација на пристаништето.

„Треба да се направи, некој треба. Градоначалникот, мислам кои се одговорни за оваа работа да се направи. Се гледа дека е руиниран“.

„Треба да се поправи, да се цементира нешто затоа што вистина е упропастено, а тука доаѓаат многу туристи, доаѓаат и млади и постари да се сликаат“.

„Порано беше овде со штици, 60-тите години. Овде за капење имаше платформа со штици широка и тука одевме на платформата, лежевме и се капевме“.

Иако имаше проекти за комерцијализација на овој простор Лазароски смета дека тој треба да остане јавен, без да се градат кафулиња или ресторани.

„Некакви интервенции волуменски тука би нарушиле да кажеме визура од кејот, од променадата кон езерото. Значи битна е визурата од пристаништето кон стариот град, но битна е и од променадата кон езерото“, додава Иво Лазароски-архитект.

Сепак според него во моментов е најважно пристаништето да се санира, бидејќи никој не знае колкав е обемот на оштетувањата и колку тој статички е сигурен и дали во секој момент може да се урне.

Извор: МРТ

Сашо Нелоски

Публицитет

Посетеност: 176
Share
Previous Post

Неписмен човек – жив ѓавол

Next Post

„Не пуши откажи се“ – со совети по телефон против пушењето

Next Post
„Не пуши откажи се“ – со совети по телефон против пушењето

„Не пуши откажи се“ - со совети по телефон против пушењето

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 176

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk