• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

МЕЃАШИ го промовира  документарецот „Гласна тишина“ – 15 години мировно образование!

март 29, 2026
in На минување
МЕЃАШИ го промовира  документарецот „Гласна тишина“ – 15 години мировно образование!

Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”, на 25 март 2026 година го одбележа јубилејот, 15 години посветеност, визија и континуирана работа, насочена кон создавање побезбедно, поинклузивно и похумано општество, почнувајќи од училиштата.

– Со премиерната проекција на документарниот филм „Гласна тишина“  во режија на Владимир Митревски Ѓуле, заедно со ученици, наставници, професори, практичари и активист(к)и, испративме силна порака: мирот не е тишина – туку храбра, секојдневна акција, рекоа.

Овој настан беше потсетник дека зад Програмата за мировно образование стојат години посветена работа, наставници и ученици кои создаваат безбедна и поддржувачка средина во училиштата и заедница која гради култура на мир, дијалог, разбирање и почит.

Но, најсилниот впечаток го оставија токму децата. Со својата искреност, креативност и зрелост, тие споделија идеи и визии за тоа како да изградиме подобра средина за живеење. Нивните размислувања беа оригинални, храбри и

инспиративни, доказ дека кога младите имаат простор да се изразат, тие нудат вистински решенија.

Се потврди дека детско – младинското учество не е формалност,  тоа е суштински дел од процесот на креирање и реализирање на програмата за мировно образование. 

Филмот им се допадна, но уште поважно, отвори простор за дијалог за врсничкото насилство, менталното здравје и создавањето безбедни училишта и заедници.

“МЕЃАШИ” упати особена благодарност до училиштата кои активно учествуваа и придонесоа со своето знаење, енергија и посветеност: СУГС „Никола Карев“, ООУ „Рајко Жинзифов“, ООУ „Јашар Беј Шкупи“, ООУ „Јан Амос Коменски“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Зеф Љуш Марку“, ООУ „Наум Наумовски Борче“, СУГС „Кочо Рацин“ и СУГС „Јосип Броз Тито“.

Во изминатите 15 години, Програмата за мировно образование опфати 76 училишта, над 300 наставници и повеќе од 8.000 ученици, создавајќи мрежа на „мировни

училишта“, заедница која учи, се поддржува и расте заедно.

Во рамки на програмата, континуирано се развива и зајакнува мрежата на мировни училишта, динамична заедница на образовни институции кои активно ги применуваат вредностите на мирот, ненасилството и почитта во секојдневната работа. Оваа мрежа претставува простор за заемна поддршка, размена на искуства и заедничко дејствување кон создавање посигурни, инклузивни и праведни училишни средини.

 Филмот „Гласна тишина“ можете да го погледнете тука:

(МК) https://youtu.be/5omjF2up0v8

Публицитет.мк

Посетеност: 2.634
Share
Previous Post

Бутик ЕМИЛИ: Новите свечени фустани нема да ве остават рамнодушни

Next Post

Отворена изложбата „Будна вода“ и промовирана збирката  „Разбудена вода“од Дијана Петкова во Делчево

Next Post
Отворена изложбата „Будна вода“ и промовирана збирката  „Разбудена вода“од Дијана Петкова во Делчево

Отворена изложбата „Будна вода“ и промовирана збирката  „Разбудена вода“од Дијана Петкова во Делчево

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 2.634

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk