На овој голем ден – Христовото раѓање – Божик во серијалот „Мојот живот, мојот свет“ ја споделуваме животната приказна на д-р Владимир Попоски реномиран офталмолог во државниот шпански медицински центар Маг и Каталонскиот институт за ретина во Барселона.
Со клик на линкот, слушнете го интервјуто во целост. Водител: Милчо Јованоски
Во интервјуто д-р Попоски зборува за своите корени од Охрид и Вевчани, за растењето во населбата Ѓорче Петров, за средношколските и студентските денови во родното Скопје.
Посебно поглавје се неговите летни одмори и ангажмани преку студентските размени. За оформеното семејство за двете деца и преголемата родителска љубов кон нив , но и за одлуката да соберете се’ и во рок од нецела година да почне да живе во Шпанија со Дани и Огнен и да почне речиси од нула.
Д-р Владимир отворено зборува за своите спомени, копнежи што ќе беше ако не беше офталмолог, за љубовта кон неговата Дани, за љубовта кон убавиот пишан збор за сликарството и за се’ што носи македонски предзнак.
Rhett Buckler Award 200 2006 – Кан, Франција. Добитник на најпрестижната награда што ја доделува Американската асоцијација на ретинални хирурзи
Славе Димитров, Балашевиќ. Хулио … тое само дел од неговиот музички избор. Но и како што вели новите македонски химни „Нале, налеј“ или „Заветна“…
Нашиот д-р Владимир можеби и денеска е на некоја долга прошетка со неговата сопруга и со децата, ритуал кој многу му значи и како што вели го прави стабилен и цврст.
Нормално, како и секој современ лекар силно поврзан со пациентите и секојдневните новини во офталмологијата во служба на науката.
Публицитет.мк