Во урнебесната комедија „СЕКС, ЛАГИ И ЉУБОМОРА“ на Народен театар Охрид, Марија ја обликуваше својата улога со толку природност, харизма и прецизност, што нејзиното присуство на сцената не можеше да остане незабележано, напиша жирито на фестивалопт 5РЕ во Велес.
Со вештина што извира од љубовта кон театарот, таа ѝ подари на публиката моменти полни со емоција и смеа – и уште еднаш потврди дека секоја улога, без разлика на нејзината големина, може да остави траен впечаток, соопшти жирито во состав: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски.
Претходно актерот – гостин Марија Новак лани во октомври ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара, во претставата “Секс лаги и љубомора” од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски и на МТФ “Денови на комедија” во Куманово..
Публицитет.мк