Со низа настани во земјава денес и деновиве се одбележуваше 20 Ноември – Светскиот ден на детето.
Околу 90 деца од Охрид членови на хорот “ГЕРДАН ОД БИСЕРИ”- Охрид и Duo Black Moon , изминатиот викенд по трет пат учествуваа на престижниот детски фестивал “Златно славејче” во Скопје со изведба на “Ретка песна”,посветена на децата со ретки болести.
“РЕТКА ПЕСНА”
Музика и текст: Татјана Узуноска Тренеска
Аранжман: Јовица Карали
Фестивалот се одржа во Македонскиот народен театар а членовите на „Ѓердан од бисери“ ги собраа сите симпатии од публиката и како што коментираа скопјани како цело езеро да им дошло на гости на сцената.
Хорот „Ѓердан од бисери“ е формиран во 2017 година и годиниве низ него поминале над 1000 деца пеејќи со радост и правејќи ги првите чекори на сцената и во јавноста. Моментално во хорот членуваат околу 120 деца а во МНТ на „Златно славејче“ пееа 90, изјави за Публицитет.мк уметничкиот раководител Татјана Узуновска – Тренеска.
Публицитет.мк