На денешен ден во 1943 година, пред точно 81 години, на Славеј Планина е формиран батаљонот ” Мирче Ацев ” како прва покрупна регуларна единица на македонската војска.
Беше формиран со пригодна свеченост. На чело на стројот на батаљонот застана Командантот Наум Веслиовски – Овчарот а до него беа околу 250 борци од составот на партизанските одреди: Битолско- Препанскиот ” Даме Груев”,Крушевскиот “Питу Гули”, Прилепскиот “Гоце Делчев”, Велешкиот ” Димитар Влахов” како и од група на новодојдените борци и доброволци од овој крај и пошироко.
Затоа денес го празнуваме и Денот на македонската армија.

Поради многубројните пожари во земјава оваа година одбележувањето на Славеј планина нема да се реализира.
ОО на СБ од Охрид и Дебрца на сите граѓани на Македонија им го честита овој ден.
Нека им е вечна слава и благодарност на борците!
Нека ни е вечна Дебрца!
Нека ни е вечна Македонија!
Извор: Сојуз на борци
Публицитет.мк