• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Недела на млади 2025: Пет дена полни со креативност, инспирација и младинска енергија во Охрид

август 6, 2025
in Актуелно
Недела на млади 2025: Пет дена полни со креативност, инспирација и младинска енергија во Охрид

Од 11ти до 15ти август, во организација на Младински Центар Охрид, ќе се одржи третото издание на „Недела на млади“ – мултидисциплинарна програма наменета за млади, млади уметници и креативци, по повод Меѓународниот ден на младите – 12ти август.

Програмата опфаќа уметнички и музички работилници, филмски проекции, мастеркласови, јога, изложби, музички настапи и предавања, а активностите се распоредени низ пет дена со утрински, дневни и вечерни содржини.

Програмата започнува во понеделник (11ти август) со летна ликовна школа „Боите на летото“ и школа за гитара „Ритамот на младоста“, кои продолжуваат секој ден до петок.

Централниот ден – вторник, 12ти август – вклучува изложба на изработки од младите, креативна работилница, презентација од младинска размена во Франција, музички настап на Бендот на МЦО, проекција на краткометражниот филм Mi(s)sing Dog на Антонио Велјаноски и DJ сет во живо со Lychnid Coffee Society.

Среда (13ти август) е посветена на млади филмски креатори под мотото „Приказни од младите – Камера, светла, акција!“, со мастерклас за режија и сценарио од Антонио Велјаноски.

Четврток (14ти август) се отвора со јога на кејот на Охридско езеро (тревник Куба либре) и продолжува со уметнички работилници, а на 15ти август, Неделата завршува со предавање на историчарот Иван Крижиќ на тема „Минатото како алатка за младинска иднина“.

Настаните ќе се одржуваат во и околу просториите на Младински Центар Охрид, во поранешната касарна, и се бесплатни и отворени за јавноста.

„Неделата на млади е простор каде младите може да се изразат, поврзат и инспирираат едни со други. Преку уметност, музика и дијалог сакаме да го поддржиме нивниот личен и општествен развој“, велат од тимот на МЦО.

Сите заинтересирани млади се поканети активно да се вклучат и во волонтерскиот тим кој го поддржува настанот. За повеќе информации, следете нè на нашите социјални медиуми, Facebook: Младински Центар Охрид и Instagram: @mladinskicentar_opstinaohrid

Публицитет.мк

Посетеност: 413
Share
Previous Post

Утре, промоција на „Зима во продавницата за чудни миленичиња“ од д- р Елена Обухова

Next Post

Најдоброто од музичката Македонија,за крај на концертната сезона во Охрид

Next Post
Најдоброто од музичката Македонија,за крај на концертната сезона во Охрид

Најдоброто од музичката Македонија,за крај на концертната сезона во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 413

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk