• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Не отворајте ги прозорците додека гори депонијата Буково

август 4, 2023
in Тикер
Не отворајте ги прозорците додека гори депонијата Буково

Деновиве, особено во вечерните и раните утрински часови, во Охрид и пошироката околина видлива е заматеност во воздухот и се чувствува непријатен мирис на чад, неофицијално, предизвикано пред се од горењето на комуналната депонија во Буково, велат од Центарот за јавно здравје од Охрид. 

Поради опасноста што може да ја предизвика опасниот чад предизвикан од неконтролирањето спалување/горење на комуналниот отпад, врз здравјето на луѓето, Центар за јавно здравје Охрид апелира до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и активности за решавање на проблемот. Особено предупредуваме луѓето кои непосредно ќе учествуваат во справувањето со комуналниот смет на депонијата која гори, да  користат соодветни заштитни средства (маски, очила и сл.)

Апелираме до  граѓаните на Охрид, гостите, туристите, додека не се реши проблемот со горењето на комуналниот смет на депонијата во Буково, во вечерните и утринските часови да не ги отвораат прозорците и доколку почувствуваат мирис на чад, да останат во своите домови.

Неконтролираното спалување/горење на неселектиран, разноврстен комунален отпад е особено опасно бидејќи не може точно да се предвиди што се може да се ослободи од илјадниците токсични соединенија.

Публицитет.мк 

Посетеност: 154
Share
Previous Post

Пораки за сплотеност од Мечкин Камен, Пелинце и Кале

Next Post

Поповиќ: 63.„Охридско лето“ во знакот на голема посетеност, задоволни уметници и бројни пофалби

Next Post
Поповиќ: 63.„Охридско лето“ во знакот на голема посетеност, задоволни уметници и бројни пофалби

Поповиќ: 63.„Охридско лето“ во знакот на голема посетеност, задоволни уметници и бројни пофалби

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 154

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk