• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јуни 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Нова веб-апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

февруари 15, 2025
in Актуелно
Нова веб-апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

Група на студенти разви веб-апликација која овозможува интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро. Оваа апликација е создадена да ги прикаже клучните еколошки параметри и податоци за двата езера низ годината кои произлегуваат од работата на Хидробиолошкиот завод Охрид.

Група на студенти разви веб-апликација која овозможува интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро. Оваа апликација е создадена да ги прикаже клучните еколошки параметри и податоци за двата езера низ годината кои произлегуваат од работата на Хидробиолошкиот завод Охрид.

Преку веб-апликацијата hidrobioloski-zavod-ohrid.vercel.app, граѓаните, научниците и љубителите на природата ќе можат во секое време да пристапат до податоци за загаденост, температурата на водата, нивото на кислород, состојбата на биолошките видови и други значајни фактори кои влијаат на екосистемите на езерата. Апликацијата претставува практичен начин за подобро разбирање на состојбата на овие природни богатства и ја нагласува важноста на нивната заштита.„Горди сме што студентите покажаа како иновативни решенија можат да придонесат за зачувување на природната средина. Оваа веб-апликација ќе овозможи транспарентен пристап до податоците за езерата, што е значаен чекор кон нивна одржлива заштита,“ изјави Иван Јованов од Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, организацијата реализатор на проектот Иновациските кампови.Директорката на Хидробиолошкиот институт, Орхидеја Тасевска, го истакна значењето на ова решение: „Оваа апликација ќе ја приближи науката до јавноста и ќе овозможи сите заинтересирани страни да имаат пристап до најновите податоци за состојбата на езерата. Веруваме дека ова е одличен пример за тоа како младите можат да придонесат со своето знаење и креативност во заштитата на природата.“Веб-апликацијата веќе е достапна за користење на hidrobioloski-zavod-ohrid.vercel.app, а повеќе информации може да се добијат преку веб-страницата на Хидробиолошкиот институт Охрид.Оваа веб апликација беше развиена во рамки на проектот „Иновациски кампови во соработка со Мрежата за искуствено учење“ е реализиран од Здружението LEAD во партнерство со УНИЦЕФ и со финансиска поддршка на Шведска.

Извор: mrt.com.mk

Публицитет.мк

Посетеност: 106
Share
Previous Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на CHARGE синдром

Next Post

За шест години за осум пати е зголемено стадото елени на Галичица

Next Post
За шест години за осум пати е зголемено стадото елени на Галичица

За шест години за осум пати е зголемено стадото елени на Галичица

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk