• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

НОВА КНИГА: „БРЕГАЛНИЧКА БИТКА“ОД АКАДЕМИК МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ

август 31, 2023
in Тикер
НОВА КНИГА: „БРЕГАЛНИЧКА БИТКА“ОД АКАДЕМИК МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ

Ретко која војна во историјата временски траела толку многу кратко, а била исклучително крвава. Важна е пораката која може да се извлече од оваа битка, особено за младите генерации да ја разберат апсирдноста на војната, за таа никогаш повеќе да не се повтори.

Судбоносниот чекор без објавување на војна го започнала бугарската војска на 30 јуни 1913 година против српската и грчката војска. Главната и одлучна битка се одвивала по текот на реката Брегалница во Штип и неговата околина и на територијата на Злетовската област. Со тоа започнала Втората балканска војна. Втората балканска војна, во литературата е позната и како Меѓусојузничка војна.

Во книгата авторот се задржал на улогата на црногорската и на македонската војска во 1913 година, на последиците и поделбите. Опишани се и посетите на  спомен – обележјата на Брегалничката битка  од страна на претставниците на Црногорската заедница во РС Македонија со покажување на чест, признание, почит на јунаците кои чесно ги вградија животите во темелите на денешната Македонија. Текстот во книгата е напоредно на македонски и црногорски јазик.

                                                                                                   003 copy copy copy copy copy copy

Академик Миле Д. Миќуновиќ – автор на книгата

Авторот во заклучокот изнесува: „… Никогаш како општество не смееме да ги заборавиме сопственото минато и историја, зашто на тој начин можеме да останеме без иднина. Народите од Балканот треба да учат од историјата, а не да ја повторуваат и на темелите од минатото да градат иднина. Недоразбирањата не треба да се решаваат по пат на војна туку треба да тргнат по патот на соработка и зближување за опшествено – економски и културен напредок. Тоа е и потврда за сигурна иднина на Балканот. Важно е и да се извлече заклучокот за апсурдноста на војната особено со залудното губење на младите генерации“.

Публицитет.мк 

Посетеност: 202
Share
Previous Post

Рекорден прв уписен рок на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ – Охрид

Next Post

Половина век Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ: Македонисти, балканисти и слависти од сите страни на светот доаѓаат во Охрид

Next Post
Половина век Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ: Македонисти, балканисти и слависти од сите страни на светот доаѓаат во Охрид

Половина век Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ: Македонисти, балканисти и слависти од сите страни на светот доаѓаат во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 202

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk