Фотографијата е зрак или одблесок на постојното. Фотографијата е само еден момент на вечност. Затоа таа сама по себе е завршена работа. Она што еднаш е поминато низ фокусот на фотографскиот апарат, веќе во следниот момент не е исто. Затоа со посебна возбуда, за мене, а верувам и за вас, фотографијата би ја нарекол неповторлив момент за паметење.
Охридските галеби на фотографиите што се пред вас (390), сакам да ве извлече од рамнодушноста на погледот, да ви ги разбуди емоциите кон опкружувањето, затоа што ништо не останува исто, времето ги менува и состојбите и впечатоците и погледите.
Фотографиите во книгава, колку и да се трудиме да ги прикажеме како колективен чин, сепак тие за мене го носат печатот на лична драма, затоа се и драгоцени сведоштва за она што веќе никогаш нема да биде исто, колку и да се трудиме да бидеме повторливи во намерите.
Според мене, драги мои, Вие присуствувате на чинот на вистината. А утре можеби сè ќе биде поинаку и ви посакувам секој да понесе дел од својата вистина што овде Ви се прикажува.
Пишува: Академик Миле Д. Миќуновиќ
Публицитет.мк