Во општествениот живот љубовта се јавува доцна – во робовладителското уредување. Во стариот Египет и во Индија, во античка Грција и во Рим за првпат во културната историја на човештвото се создаваат услови за личен избор на половиот партнер.
Во основа, во сексуалната дејност лежи елементарниот полов инстинкт, стремежот да се оствари половиот однос – сексуалноста (половоста). Со развојот на човечката култура, сексуалноста претрпува еволуција – таа се очовечува и се претвора во специфично човечко пријатно чувство, расположение и самочувство. Биолошката сексуалност се хуманизира, се естетизира и етизира. Животинската сексуалност се претвора во човечка еротика со карактеристични бранувања, чувства и желби. Кога еротиката ќе се насочи кон определено конкретно лице, кога ќе се обогати и ќе се врзе со чувство на приврзаност, на психичка блискост и родство, на човечка симпатија, тогаш преминува во едно од најбогатите, силни и убави човечки уживања, во една од главните двигатели на човечкиот живот и извор на радост и среќа – љубовта.
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ – автор на книгата
Авторот во својата 121 книга се задржува на: Полот во човечкото пштество; сексуални проблеми во развојот на човекот; функции на полот кај човекот; прокреативна функција на полот; рекреативна функција на полот; љубовта е потреба; заљубеност;цврстата прегратка ја задушува љубовта; сексуално среќна жена; љубов на интернет; очите го гледаат она што тие го сакаат; намалена сексуална желба, главата ме боли; телесна привлечност; сочен бакнеж; сексуални работнички; вистинска страст; верен маж; моќта е сексуално привлечна; зошто нижиме рецки; љубовни смс пораки; малите тајни ја чуваат врската; предигра не е неопходна; в кревет со помлад; секс со пријател; зошто мажите купуваат секс; прељуба; љубовен прав; темел на љубовта; страст во зрели години; што поспоро тоа подобро; љубовта не е секс; сексот не е натпревар; повеќе тестостерон; фалбаџии; за среќа е потребен секс; помалку секс не значи повеќе памет; нови мажи; секс во бројки и половиот однос лек за телото и душата.
Авторот во заклучокот изнесуве дека е љубовта извор на здравје и среќа.