Екипата на ГФК Охрид Лихнидос во потполност ги оправда очекувањата на своите симпатизери.
Дека натпреварот ќе помине во апсолутна доминација на домашната екипа која важеше за фаворит во овој натпревар се виде во текот на сите деведесет минути каде охриѓани напаѓаа а гостите умешно го бранеа својот гол.
И да не биде се’ така се погрижи Мартин Нически кој постигна вистински еврогол и ја доведе екипата на Охрид во водство од 1-0.
И во второто полувреме гледавме иста слика на теренот охриѓани и понатака ја имаа играта под своја контрола и како плод на таквата игра дојде и вториот гол. Нововлезениот Давид Матески успеа да постигне убав гол со кој охриѓани освоија нови три бода за што подобар пласман на второлигашката табела.
До крајот на натпреварот Шефот на стручниот штаб Пепи Џигероски ги искористи сите дозволени замени и во игра стави млади и перспективни играчи кој се иднината на овој клуб.
Во следното коло се игра големото Езерското дерби. Охриѓани гостуваат кај Караорман во Струга.
И.Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк