
На 26 декември(вторник) со почеток во 19:00 часот во Дијамантска сала на хотел “Инех Олгица” ќе се одржи традиционалниот Новогодишен концерт на Општинското основно музичко училиште „Методи Патче“.
Според зборовите на директорот на училиштето Наум Џуклески во вторник на иста сцена во реализацијата на музичко – сценскиот перформанс инспириран од светот на Дизни пред публиката ќе се претстават и ученици и нивните учители.
Влезот е слободен.

Публицитет.мк






