• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Објавена книгата “Горка кнедла” за насилство врз жени

декември 24, 2023
in Омнубус
Објавена книгата “Горка кнедла” за насилство врз жени

На 22 декември, во “Јавна соба” во Скопје организацијата Новинари за човекови права ја промовираше книгата “Горка кнедла” од авторката Валентина Ѓоргиевска Парго. Дизајнот на корицата е изработен од талентираната средношколка од “Орце Николов”, Николина Таневска.
Оваа книга е плод на повеќегодишно посветено новинарско ангажирање на Парго на тематиката за жените- жртви на насилство од секаков тип, и е вистинска експлозија од изјави, признанија, реални приказни, случувања, моменти, ситуации на бројни жени.
Работена е во периодот од 2017 година досега, а преку приказни, меко прифатливи за читање, изнесени се конкретни проблеми со кои се соочува жената денес. 
-Несфатеноста, запоставеноста, негрижата, потценетоста, многуте обврски, преангажираноста, лошиот однос, здравствените и семејните проблеми, институционалното насилство, неморалот, беспарицата, невработеноста, лажниот имиџ, лажните идоли, помодарството, медиумската пропаганда, нечесната трка по пари, безмилосната политика, нарушеното достоинство, сѐ се тоа проблеми кои го косат животот на жената во денешницата, вели авторката. 
 
FB IMG 1703329714373 1
 
Но освен тоа, оваа книга отвора и табуизирани теми кај нас, не само женски неправди и насилства врз жени (од аспект, на психичко и физичко насилство, озборување, клеветење, мобинг, булинг, стигматизирање, навреди, уцени, присилувања), туку се осврнува и на злоупотреба на женската сексуалност… 
Книгата е меѓу ретките што се занимава со ваква поширока проблематика, повеќеслојно и на повеќе нивоа, укажува и посочува, насочува и извлекува нови поуки, како да се поправи односот на најблиските, околината, заедницата и општеството кон нив, и обратно. 
Текстовите кои се дел од неа во изминативе години побудија интерес и беа препознаени од повеќе меѓународни организации, па така беа претставени лично од авторката, но и од организацијата- издавач, на повеќе меѓународни конференции и форуми, пред борки за женски права, стручни лица и европски универзитетски професори, во Букурешт, Темишвар, Берлин, Бон, Штутгарт, Бања Лука, Белград, Малта, Шпанија, Шведска, Тирана, Турција, и во други места и држави.
 
FB IMG 1703329726232 1
 
Авторката досега има објавено неколку книги и монографии, има освоено литературни награди, пишува и поезија а нејзино сценарио на англиски јазик за прв пат годинава беше изведено и на меѓународен фестивал “Темпора/ Контемпора” во Лече, Италија. 
Освен континуираната соработка со НЧП соработува и со други светски новинарски организации и медиуми кои се занимаваат со човекови права. 
“Горка кнедла” може да се набави на самата промоција по цена од 300 денари и во просториите на Новинари за човекови права/ Journalist for human rights.
 
Фото: Архива на В. Ѓоргиевска Парго
 
Публицитет.мк 
 
Посетеност: 140
Share
Previous Post

Рацете што се извалкани од чесна работа, секогаш мирисаат на достоинство

Next Post

ALPOJO-Liquor & Spice Store: Празници се ближат – Да наздравиме за убавите денови пред нас

Next Post
ALPOJO-Liquor & Spice Store: Празници се ближат – Да наздравиме за убавите денови пред нас

ALPOJO-Liquor & Spice Store: Празници се ближат - Да наздравиме за убавите денови пред нас

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 140

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk