Во петок на 26 јули со почеток во 20.00 часот на малото плоштадче “Вангел Наумовски” кај мини маркет по 4-ти пат ќе се одржи музичко-сценската манифестација “Малите Ѕвездички со К-2” како дел од проектот на Општина Охрид “Културата расте со децата”.
На неа ќе настапат 20 дечиња К-2 Ѕвездички со своите песнички кои се напишани и создадени во мојата музичка работилница во текот на оваа година. Ќе ви направиме еден супер концерт за деца, родители, роднини, пријатели, баби и дедовци, татковци и мајки. Вие дојдете и со вас донесете само добро расположение.
Огромна благодарност до сите што нѐ поддржуваат сега и во изминатите години и тоа: Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид Vitaminka Pekara DEN I NOK Кожувчанка Изворска – извор на креативноста Sinalko Sokce Karali Apartments Ohrid Press Публицитет.мк INTV, вели идејниот творец на манифестацијата познатиот композитор и продуцент Јовица Каралиевски.
Публицитет.мк