Професор доктор Зоран Тунтев не мирува . На секој начин се грижи нашето богато културно минато да го има заслуженото месето меѓу нас. Истовремено да го афирмира меѓу студентите и уште повеќе меѓу странците.
Тивко, ненаметливо, но многу успешно го спроведува проектот „Охрид – градот на светлината и на илјада осветлени крстa“

Деновиве неуморно работеше во пресрет на празникот посветен на Св. Клинент Охридски да го промени осветлувањето во црквата Св. Богородица Перивлепта. Во неа до скоро почиваа дел од моштите на прво учителот пред да бидат преместени во новиот храм на Плаошник.
На социјалната мрежа ФБ д-р Тунтев го сподели следново и неколлку фотографии:
Во чест на Свети Климент, нашиот вечен заштитник, ја (ре)осветливме Света Богородица Перивлепта. Со Славчо Николовски, генијален мајстор за струја и за квизови, магистер по економија, свестран познавач на Светото писмо. Човек со златни раце, редок интелект, бескрајна трпеливост и срце големо како планина, напиша на фесјбук д-р Зоран Тунтев.

Кликнете на црвениот линк да го видите видеото
https://www.facebook.com/stories/10218335336086073/UzpfSVNDOjg0Mzc4NzQ5NTAzODI0OQ==/?view_single=1
Публицитет.мк








