• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Оперски арии од Верди како осмомартовски подарок за дамите

март 9, 2024
in Култура

Арии од италијанскиот оперски Шекспир, Џузепе Верди, вчеравечер одекнаа под сводовите на катедралната црква „Света Софија“ во изведба на италијанскиот тенор Федерико Сера кој настапи во пијано придружба на Антонио Кампоногара.

Концертот го организира Националната установа „Охридско лето“  по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, како дел од замислата на фестивалскиот менаџмент, културата да се негува, не само во стандардниот фестивалски термин, туку и во останатиот дел од годината.

-Ја пренесовме енергијата како една тангента Охрид-Верона бидејќи уметниците  ни дојдоа оттаму. Во безвременската катедрала, црквата „Света Софија“ владееја позитивна енергија и пријатна атмосфера. Осмомартовскиот концерт кој е традиционален настан во организација на „Охридско лето“ беше вистинско уживање и празник за многубројната публика, изјави директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

OHL 7113

Како што додаде таа, Италијаните се познати во светот како најдобри оперски пејачи и фестивалот кој ја негува  класичната музика  има воспоставено одлична соработка со италијанските уметници.  

-Италија е земја-расадник за оперските пејачи како што се незаборавниот и вонвременски Лучијано Павароти, Андреа Бочели и многу други. Таа има најдобра школа за оперско пеење. Италијаните, пеењето и операта ги носат во душата, во крвта, во нивното ДНК како нација. Нам како фестивал, ни е многу драго што имаме непрекината соработка токму со Италија, земја на културата, која се надевам ќе продолжи и натаму. Посебно ми е драго што Италијаните го доживуваат Охрид како еден посебен бисер и Охридското Езеро го пресликуваат со езерото Комо, рече директорката Поповиќ.

OHL 7141

Меѓународниот ден на жената, на припадничките на понежниот пол од сите генерации кои беа дел од публиката што до последно место ја исполни црквата, тенорот Федерико Сера им го честита на македонски јазик, а вистински подарок беше и изведбата на познатата „Time to say goodbye“ од неговиот музички ментор  Андреа Бочели.

Федерико Сера заедно со неговите колеги, италијанските тенори Алесандро Косентино Де Акриса,Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, пред две години приредија спектакл отворајќи го 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Публицитет.мк 

Посетеност: 170
Share
Previous Post

ОХРИД: Се намалува интересот за прославување на Осми март

Next Post

Министерката за одбрана Петровска најави брза реконструкцијата на Сидриштето во Охрид

Next Post
Министерката за одбрана Петровска најави брза реконструкцијата на Сидриштето во Охрид

Министерката за одбрана Петровска најави брза реконструкцијата на Сидриштето во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 170

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk