• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

„Охридски календар“- сите историски факти на едно место

ноември 17, 2024
in На минување
„Охридски календар“- сите историски факти на едно место

Охрид е единствениот град во земјава, а можеби и во светот кој доби календар во кој за секој ден од годината се забележани скоро сите најзначајни историски настани и личности кои оставиле белег во градот. Се работи за креативна идеја која на алтернативен начин говори за историјата на древниот град, при што граѓаните ќе можат со секој нов ден да се потсетат или да научат нешто ново за најсветлите или најтажните мигови кои се случувале во Охрид…

Деновиве од печат излезе првиот примерок на „Охридски календар“ во кој се опфатени значајни историски датуми и личности кои оставиле белег во градот од средновековието до денес. Како што вели историчарот и хроничар на Охрид Никола Митровиќ, за секој ден во годината во календарот се забележани по најмалку еден или повеќе податоци, при што на алтернативен и интересен начин се пристапува кон историскиот развој на Охрид. Ова е прв ваков календар за некој град во земјава, а можеби и во светот.

„На овој Охридски календар работев долго време, истражувајќи ги одредени датуми кои не можете сите да ги пронајдете, ниту на интернет, ниту по охридски хроники, туку можете да ги пронајдете со длабоко копање, би рекол така на тој начин во архивите, во Државниот архив и во Охридскиот архив“, изјави Никола Митровиќ, историчар и хроничар на Охрид.

Алтернативниот пристап до историјата е многу популарен во светот. Така што Охридскиот календар во текот на 365 дена ќе им овозможи на охриѓани, но и на другите граѓани во земјава да видат што се случувало секој ден низ годините и тоа да биде предмет на разговор или истражување.

„Случајно го отворив месецот август, така да би укажал дека на 6-ти август 1923 година ѕвоното од Михајло Пупин било поставено во камбанаријата од црквата „Света Софија“ во Охрид, потоа на 30-ти август 1903-та година во борба со турскиот аскер загинува Наум Златанов кај селото Куратица-охридско“, изјави Никола Митровиќ, историчар и хроничар на Охрид.

Во Охридскиот календар има околу 450 до 500 податоци, а уште 200 стојат како резерва да се дополни ова издание во наредните години од Митровиќ или други историчари.

Извор: www.mrt.com. Новинар: Сашо Нелоски

Публицитет.мк

Посетеност: 206
Share
Previous Post

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Next Post

Најубава честитка за Светскиот ден на детето – хорот „Ѓердан од бисери“ со нов настап на „Златно славејче“

Next Post
Најубава честитка за Светскиот ден на детето – хорот „Ѓердан од бисери“ со нов настап на „Златно славејче“

Најубава честитка за Светскиот ден на детето – хорот „Ѓердан од бисери“ со нов настап на „Златно славејче“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 206

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk