• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

„Охридско лето“ со подарок за сите жени по повод 8 Март – Концерт на трио Џентлмен“ во црквата „Св. Софија“

март 1, 2023
in Култура
„Охридско лето“ со подарок за сите жени по повод 8 Март  – Концерт на трио Џентлмен“ во црквата „Св. Софија“

По повод 8 март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“,  музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко- сценска атракција.

Концертот, кој ќе се одржи на 7 март во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 19 часот ќе биде посветен на припадничките на понежниот пол, велат организаторите.

„Она што претходно го најавивме, дека „Охридско лето“ нема само да биде во рамките на 40 дена, сега го реализираме. По успешниот новогодишен концерт сега реализираме осмомартовски, како подарок за сите припаднички на понежниот пол.  Сакаме врвната култура да живее преку цела година со што од една страна го афирмираме Фестивалот, а од друга страна и Охрид како град и државата во целина. Нудиме квалитет, а тоа го препознава нашата верна публика“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

natasa popovic

По урнекот на светските поп-класични состави, Трио  „Џентлмен“ се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни и секако македонското творештво.

Трио „Џентлмен“ има настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерт, тие се дел и од големи манифестации во нашата држава, како и надвор од неа. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори.

Тие се различни и по тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи.

Публицитет.мк 

Посетеност: 154
Share
Previous Post

ЖЦ БИСЕРА вечерва организира предавање „Остепороза и остепатија“

Next Post

„Поклон пред бардот на македонскиот журнализам: Свето Стаменов од амабасадорот проф. д-р Милан Јазбец“

Next Post
„Поклон пред бардот на македонскиот журнализам: Свето Стаменов од  амабасадорот проф. д-р  Милан Јазбец“

„Поклон пред бардот на македонскиот журнализам: Свето Стаменов од амабасадорот проф. д-р Милан Јазбец“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 154

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk