• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Охрид има математички бисер – Марко Томоски меѓу најдобрите во светот!

февруари 23, 2026
in Актуелно
Охрид има математички бисер – Марко Томоски меѓу најдобрите во светот!

Голем успех за Охрид и за Македонија – младиот охриѓанец Марко Томоски освои Bronze Honour( Бронзен медал) на престижниот International Youth Math Challenge 2025, натпреварувајќи се во категоријата до 16 години, иако има само 12 години.

Финалната рунда на натпреварот се одржа на 17 февруари 2026 година, во конкуренција од околу 9.800 учесници од целиот свет. Со освоени 23 поени, Марко се пласираше меѓу топ 7% од сите учесници глобално и меѓу топ 60% од финалистите, резултат што добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека се натпреварувал со ученици до четири години повозрасни од него.

Со овој успех, тој го освои и престижното 2. Национално место за Македонија, потврдувајќи дека станува збор за еден од најперспективните млади математичари во земјата. Марко веќе интензивно се подготвува за нов предизвик – учество на меѓународна математичка олимпијада која ќе се одржи во Ахшабат, во Туркменистан, во периодот од 8 до 13 април 2026 година, каде повторно ќе ја претставува Македонија на светската сцена.

Неговиот талент беше препознаен уште минатата година кога стана државен првак по математика за 6-то одделение во Македонија, што беше јасен сигнал дека пред него стои блескава иднина. „

Математиката е моја страст и најголем предизвик. Сакам да напредувам, да учам од најдобрите и гордо да ја претставувам Македонија. Ова е само почеток,“ изјави младиот охридски шампион. Со вакви резултати на само 12 години, Охрид добива уште една причина за гордост, а Македонија – нова надеж на математичката сцена.

Публицитет.мк
Посетеност: 867
Share
Previous Post

На натпреварот за Песна на Евровизија во Србија ќе пее и Ѓурѓица која има охридски корени

Next Post

Не е знаењето само да се знае, туку знаењето е да се знае да се пренесе

Next Post
Три нешта можат да го уништат човекот: бесот, гордоста и непочитувањето

Не е знаењето само да се знае, туку знаењето е да се знае да се пренесе

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 867

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk