• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 18, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Охрид: Нелојалната конкуренција ја уништува професијата туристички водич

февруари 23, 2025
in Актуелно
Охрид: Нелојалната конкуренција ја уништува професијата туристички водич

Нелојалната конкуренција, односно нелиценцираните туристички водичи му нанесуваат огромни штети на македонскиот туризам, а особено тоа се однесува на оние од странство кои ги искривуваат историските факти за нашата држава. Поради тоа од здружението на туристички водичи на Македонија, денеска кога се одбележува меѓународниот ден на туристичките водичи побараа државата да изнајде начин да се надмине овој долгогодишен проблем.

Една од најзначајните алки во туристичката понуда на секоја земја се туристичките водичи, кои се амбасадори на државата, поради што мора да се заштитат од нелојална конкуренција.

Според македонските професионални водичи најголем проблем се таканаречените квази водичи, особено оние од странство кои на свој начин ја интерпретираат македонската историја.

Тие со децении наназад му нанесуваат огромни штети на туризмот во нашата земја.

„Квази водичи се оние кои малку знаат или се само тивки водичи со странските водичи, ги покриваат за да не ги казни нашата регулатива, пазарниот инспекторат или туристичката инспекција. Ама има и тие квази водичи, тие се странски нелиценцирани водичи кои си земаат за право особено за викенд кога нашите инспектори не работат“, изјави Љупчо Јузмески-туристички водич.

Државата мора да изнајде соодветни решенија за надминување на сегашните состојби, велат туристичките водичи.

„Туристичките инспектори немаат надлежност да изречат казна на лице место. Значи ако фатат група со странски водич треба да побараат пазарна инспекција, па таа да дојде, а тоа е невозможна мисија. Затоа што на пазарната инспекција треба да ѝ се најави еден ден однапред, а од кај да знаат кога ќе дојде група со нелиценциран водич“, изјави Бранко Босилков-претседател на Здружение на туристички водичи на Македонија.

Босилков вели дека проблем е и тоа што луѓето лесно доаѓаат до сертификат за туристички водич, а притоа малку инвестираат во себе што остава лоша слика кај странците.

Извор: www.mrt.com.mk

Сашо Нелоски

Публицитет.мк

Посетеност: 130
Share
Previous Post

Подобрете си го расположението со шолја топло какао

Next Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на кифосколиотичен Ехлерс-Данлос синдром (Ehlers-Danlos Syndrome)

Next Post
Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на кифосколиотичен Ехлерс-Данлос синдром (Ehlers-Danlos Syndrome)

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на кифосколиотичен Ехлерс-Данлос синдром (Ehlers-Danlos Syndrome)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 130

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk