Вчера на 67 годишна возраст почина професор Соња Думбаловска – Делова а денеска на Градските гробишта во Охрид беа погребани нејзините посмртни останки.
Проф. Соња Думбалоска Делова најголемиот дел од својот живот лично и професионално го посвети на спорот, односно пливањето. Т Беше истакнат тренер,судија, просветен работник и едукатор.

Думбалоска – Делова беше дел од Охридскиот пливачки маратон од неговото возобновување на почетокот од деведесеттите години од минатиот век, за што во 2019 година и’ беше врачена престижната наградата „Климе Савин“. Добитник е на бројни признанија меѓу кои и наградата „Спортска легенда“ на град Охрид, што и ја врачи Општина Охрид оваа година.
Охриѓани ќе ја паметат и како зачетник на Матурскиот бал на плоштад.
Ние од Здружението „За Трпејца со љубов“ посебно и’ благодариме за нејзиниот ентузијазам и поддршка на манифестацијата „На зајдисонце“ во која таа несебично се вложи неколку години со ред а почна уште од првото издание во 2012 година. Таа ја водеше Школата за пливање и беше омилена меѓу децата.

Нејзиниот ангажман во Трпејца е документиран во првата монографија за културно – забавното лето „На зајдисонце“ чија промоција планирано е да се случи на 20 јули.
Искрено сочувство до семејството.
Драга Соња почивај во мир.
Публицитет.мк








