ПЗУ „Нефроплус“Охрид како општествено одговорна компанија се приклучи кон иницијативата на Светскиот ден на бубрегот за подигнување на свесноста за важноста на бубрежното здравје.
Во саботата на 4 март во ПЗУ „Нефроплус“ Охрид се одржа Отворен ден под наслов: „Здрави бубрези за сите“, наменет за здравствените работници од Охрид и Струга.
На тема: „Новини во превенцијата и третманот на ХББ“ говореше д-р Александар Андоноски, специјалист – нефролог .
Центарот за нефрологија и тековните активности и новите нефролошки амбуланти ги промовираа д-р Василики Кречова – специјалист нефролог и д-р Василие Томаноски, специјалист – нефролог.
ПЗУ „Нефроплус“ цели 9 години има најсофисцитирани центри за хемодијализа во земјата и регионот во кои обезбедува бесплатна хемодијализа за пациентите преку Фондот за здравство.
До крајот на месец – март во „Нефроплус“ Охрид ќе се вршат бесплатни нефролошки прегледи и консултации со тим од нефролози. Прегледот можете да го закажете на 046/ 261 524.
Во четврток 9 март во соработка со Црвениот крст од Охрид на градскиот плоштад од 12 до 14 часот ќе се организира акција за подигање на свесноста за грижа за бубрежното здравје со давање на совети , бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.
Публицитет.мк