Денеска во Охрид на 79 годишна возраст по кусо боледување почина Гоце Крстановски – поранешен технички реализатор во Радио Охрид.
Крстаноски целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат и радио Охрид влегувајќи во медиумот уште во раните седумдесетти од минатиот век и во него работеше се’ до неговото пензионирање кое се случи пред трансформацијата на радиото во приватен медиум.
Тој не беше човек од пред микрофоните туку „диригент“ зад микс пултот и често со другите помлади колеги и на предвателните системи и на разните преноси.
Повозрасните сигурно ќе се сетат дека во еден период тој дури со свој глас ја снимаше некогаш популарната емисија „Одберете мелодија за вас“ а со негов потпис во архивата има илјадници емисии кој тој заедно со нас новинарите со многу љубов и посветеност ги работеше. Секогаш беше пресретлив, расположен и прифаќаше нови идеи. Беше неприкосновен во реализацијата на директните преноси и отворени емисии во живо надвор од студиото со кои радио Охрид беше лидер во македонскиот етер.
Ја сакаше музиката и неговиот избор беше омилен кај слушателите а знаше со сите нас да биде и колега и пријател.
Патувај во Рајот драг колега, Гоце. Ќе останеш во нашите сеќавања заедно со илјадниците анегдоти и минати часови во куќата кај Чинарот.
Погребот на Крстановски ќе биде утре – среда од 12 и 30 часот на гробиштата во неговото родно Белчишта.
Искрено сочувство до неговата сопруга Јорде, ќерките Анита и Кети и нивните семејства.
Милчо Јованоски
Публицитет.мк