Вчера на 22 јули , почина Наум Бурназ, доајен на македонската народна музика и долгогодишен вработен во Македонската опера и балет.
Со почит и гордост се простуваме од нашиот сакан сопруг, татко, дедо, роднина и пријател.
Последна почит ќе му биде оддадена во капелата на Градските гробишта во Охрид, денес – 23 јули од 13.00 часот, објави на социјалните мрежи семејството Бурназ.
Наум Бурназ е роден во Охрид на 26 јули 1940 год ,тука ги завршува основното и средното училиште, студира во Суботица, потоа се жени во Охрид и со сопругата заминува во Скопје каде што добива две деца син и ќерка и се вработува во Македонската опера и балет каде останува до пензионирањето.

Снима многу забавни а потоа и староградски народни песни од кои најпознати се “Бор садила мома Евгенија” “1762 лето” на текст од Григор Прличев,”Параходот”и многу други староградски и новокомпонирани македонски песни.
Наум има освоено многу награди и награди за животно дело.

Неодамна доби и награда како почесен граѓанин на град Скопје од градоначалникот Орце Ѓоргиевски.

Наум Бурназ почина денес во својата родна куќа во Охрид кого го има опеано во многу свои песни…

Публицитет.мк








