• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почина новинарот Живко Георгиевски

мај 14, 2026
in Актуелно
Почина новинарот Живко Георгиевски

Вчера во Охрид на 79 годишна возраст почина новинарот Живко Георгиевски.

Георгиевски ќе биде погребан утре – утре петок на градските гробишта во Охрид а посмртните останки ќе бидат изложени во градската капела од 12.00 до 12.30 часот.

IN MEMORIAM

Во сеќавање на колегата Живко Георгиевски издвојуваме 2 минутно парче од интервјуто со него – дел од аудио материјалот 40 години РАДИО ОХРИД – РАСТЕЖОТ НИЗ ИСКАЖУВАЊА во кое тој зборува за времето минато во Радио Охрид.

НАЈАВА ЗА АУДИО ИНТЕРВЈУТО ЗА ВЕБ ПОРТАЛОТ ПУБЛИЦИТЕТ.МК ОД ФЕВРУАРИ 2017

Колегата Живко Георгиевски во новинарската фела во Охрид и Македонија беше познат како директор на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и ред други тогашни југословенски медиуми.

Малкумина знаат дека кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“ од каде ги добивал и првите хонорари, а продолжил во младинската редакција на Радио Охрид и се ределе редакциите посебно со заминувањето во Белград на студии.

Живко е зачнат како што вели во Лактиње а се родил во село близу до Панчево каде неговите со стотици други македонски семејства по војната биле колонизирани. Но, на своето детство и палавштини се сеќава по враќањето во Охрид и животот на Мазија крај езерото.

– Наместо на миење ние влегувавме во езеро на капење. Но таа куќа кај денешното угостителско училиште веќе не постои. Кога го прашав каде учел – со широка насмевка ми рече: – Елита бев во Климент горе. И таму бев напреден –слушав често зад мене велеа: – селанче ама паметно и учи.

Директорувањето во Радио Охрид му е најпродуктивниот и се чини најомилениот дел од неговата професионална кариера. Со многу љубов зборува за тој период , за создавањето на „Охридските староградски средби“.

Зборува[e за политичките местенки и чудни притисоци од дел од тогашните локални – партиски моќници и за тоа како и зошто  е сменет од директор на радиото, но и за прекрасната соработка со тогашната охридска стопанска гарнитура и слухот кои тие во тоа време го имале за медиумите…

По заминувањето од Охрид  колегата Георгиевски долго ја водел  македонската редакција на Танјуг, некогаш позната југословенска телеграфска агенција.  Неколку години заедно со семејството да ги помине во Џакарта – Индонезија, како дописник од тој дел од светот.

-Не беше лесно да се покрива еден цел регион ама се снајдов,со споредување на вестите од другите светски агенции за да дојдам до вистинската информација. Во Џакарта колегите се чудеа и велеа дека имам некој којшто ми ги лиферува информациите, се смее Живко. 

Танјуг уживал голем авторитет а со тоа и тој, директорот на локалната новинска агенција со 5000 вработени му се обраќал со титулата Сер.

Живко сонувал да стане дописник од Лондон и Дубровник и тука да заврши со кариерата да му се врати на Охрид. Но не било така, морал да помине уште многу новинарски голготи да е во политиката , но надвор од неа.

Кога се ближи распадот на Југославија го формира Македонското прес биро,па бил директор на агенцијата МИА од каде и заминува во пензија.

Живко од Охрид , како што љубеше да се претставува беше интересен соговорник, не само поради тоа што знаеше  што сакаат слушатели да слушнат, туку поради неговата едноставност и како што ми рече вечна правдољубивост која во неколку наврати го чинела скапо.

Отворено зборува за релациите со Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Никола Кљусев и ред други министри и високи функционери. 

 Новинарството некогаш и денес, врските, пријателствата и недоразбирањата со политичарите во некогашна Југославија,ама и во самостојна Македонија.

Познато е еднаш новинар, секогаш новинар. Новинарите додека дишат не престануваат да се занимаваат со својата професија. Ни кажа дека од минатиот Велигден ( 2016 ) со сопругата му се вратил на неговиот Охрид по неколкуте децении минати претежно во Скопје

Ни зборуваше и за неговата Пера, раѓањето на трите деца Горан, Ирена и Ивана и внуците… И за најголемите радости и таги и очекувања…

М. Јованоски

Фото: Нова Македонија

Архива: Публицитет.мк

Посетеност: 641
Share
Previous Post

Со невидено шоу вечерва почнува 70. Евровизија- ќе се појави и иконичниот Бој Џорџ!

Next Post

Вечерва нѐ очекува чудо од супер спектакуларно евровизиско шоу, како од други планети!

Next Post
Вечерва нѐ очекува чудо од супер спектакуларно евровизиско шоу, како од други планети!

Вечерва нѐ очекува чудо од супер спектакуларно евровизиско шоу, како од други планети!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 641

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk