• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почина познатата македонска актерка Снежана Стамеска

септември 8, 2024
in Актуелно
Почина познатата македонска актерка Снежана Стамеска

Денес на 79-годишна возраст, почина Снежана Стамеска, една од најзначајните актерки на македонскиот театар, соопшти нејзината матична куќа Драмски театар од Скопје.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското актерство. Дипломирала на Театарската академија во Белград во 1970 година и од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010, Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги. Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите во Коктел за четворица (1970); Кукла (1973); Жена од малтер (1979); Двојка (1980); Нели ти реков (1984) и во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова ’49 (1985), и Паца во „Викенд на мртовци“ (1985).

Во селективната театрографија на Стамеска остануваат забележени улогите: Косара (Владимир и Косара, 1971); Злата (Свадба, 1972); Анѓа (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Марија (Војцек, 1973); Арманда (Учени жени, 1973); Рут (Дејството на гама-зраците врз сенишните невени, 1973); Цена (Јане Задрогаз, 1974);Изабелита (Достага на самиот врв на највисоката власт, 1975); Лица (Ослободување на Скопје, 1978); Пандора (Солунски патрдии,1979); Вера (Диво месо, 1979); Вера (Среќна Нова ’49, 1985; МНТ); Паца (Викенд на мртовци, 1985); Зоја (Зојкиниот стан, 1986); Мица (Сили во воздухот, 1988); Мери (Долго патување во ноќта, 1988); Нада (Шуаби ау, 1989); Мајката/ Жената-војник/ Неда/ Кателин (Чернодрински се враќа дома, 1992); Деде Ченс (Дамите од Аламо, 1993); Дон Луј (Дон Жуан, 1994); Филомена (Кумови, 1995); Кејт (Игранка во времето на Лунаса, 1995); Мег (Злостори на срцето, 1995); Сиен (Убиј ме душичке, 1997); Марчелина (Свадбата на Фигаро, 1998); Ана Петровна Војницева (Платонов, 1999); Баба (Војцек, 2002); Бернарда (Домот на Бернарда Алба, 2004); Шарлота (Дон Жуан, 2005); Султана (Лет во место, 2005).

Во својата богата актерска кариера, нејзиниот талент и работа беа признаени со голем број награди, дома и во странство. Меѓу нив, можат да се вбројат Златниот лаворов венец за најдобро актерско остварување на фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС)“во Сараево, награда за актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Вера во претставата Среќна Нова ’49, награда за најдобро актерско остварување на ревијата „Екран“ за улогата на Зоја во претставата Зојкиниот стан (1987), потоа наградата на фестивалот „Стериино позорје“, како и наградите „11 Октомври“ и „Климент Охридски“. 

Посмртните останки на актерката ќе бидат изложени утре од 10 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе биде погребот.

Од Драмски велат дека дополнително ќе ја објават информацијата за денот на одржување на комеморацијата.

Публицитет.мк

Посетеност: 199
Share
Previous Post

Честит 8 Септември – Ден на независноста наша Татковино

Next Post

Почина познатата пејачка на македонски народни песни Анка Гиева

Next Post
Почина познатата пејачка на македонски народни песни Анка Гиева

Почина познатата пејачка на македонски народни песни Анка Гиева

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 199

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk