• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, мај 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Почина познатата македонска ТВ спикерка, водителка и новинарка Снежана Липковска

јануари 21, 2025
in Омнубус
Почина познатата македонска ТВ спикерка, водителка и новинарка Снежана Липковска

Од овој земен свет денеска си замина уште една македонска телевизиска легенда . Снежана Липковска Хаџи-Наумова (1946-2025).

Родена е во Скопје. Заврши Филозофски факултет – романска филологија, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како новинар и водител работеше во Македонската телевизија уште од нејзиното основање. Соработуваше со повеќе телевизиски куќи од Европа, како Телевизија Малта, а 4 години работеше и во Телевизија Белград. Беше водител на повеќе фестивали на забавна музика во поранешната СФРЈ, како Опатија, Загреб, Белград, Скопје, итн…

Четири пати е добитничка на новинарската награда Гордана Бонети, наменета за најдобриот радио и телевизиски водител на подрачјето на Југославија.

Има освоено награди за документарни филмови на филмски фестивали во Србија и Италија. Автор е и на голем број патописни серијали на телевизија, интервјуа, разни емисии од културата, како и текстови за забавна музика и новинарски статии во повеќе весници на поранешните југословенски простори, како „Студентски збор“, „Мисла“, „Журнал“, „Екран“, „Плави вјесник“ (Загреб)…

Автор е на збирката новели „Хотелски стории“. Основач е на клубот „ЛИОНС Скопје – Кале“.

По кратко боледување почина во Скопје.

Посмртните останки на Липковска Хаџи – Наумова ќе бидат погребани на гробиштата Бутел во Скопје на 23 јануари во 11 часот.

Фото: Зоран  Летра

Публицитет.мк

Посетеност: 159
Share
Previous Post

Фото на неделата: Во знакот на Водици и традицијата – фото: Миле Д. Миќуновиќ

Next Post

Да знаеш, да сакаш, да смееш и да молчиш – тоа се четири магични збора зарем не?

Next Post
Да сум јас некој

Да знаеш, да сакаш, да смееш и да молчиш - тоа се четири магични збора зарем не?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 159

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk