Со концерт на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, вечер во 20:30 часот на големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде отворен 63. Балкански фестивал на народни песни и игри.
Традиционално, пред почетокот на концертот, учесниците на меѓународната фолклорна манифестација ќе продефилираат низ Охридската чаршија. Дефилето ќе започне пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19:00 часот.
Инаку, програмата на најстарата фолклорна манифестација на Балканот започна вчера, 2 јули, со изложбата „Моменти“ од авторот Антонио Стојчески.
Шеесет и третото издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри се одржува со поддршка од Министерството за култура и туризам.
БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ 2024
ПРОГРАМА
03.07.2024 г.
19.00 часот – место НУЦК “Григор Прличев” -Охрид – Дефиле
20.30 часот
– место НУЦК “Григор Прличев” -Охрид
Говор на г-дин Горан Симоноски, директор НУЦК “Григор Прличев”-Охрид
Говор на г-дин Перчо Божиновски, претседател на Совет на Општина Охрид
Говор на г-дин Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието на Р.С.Македонија
СВЕЧАНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ
Со програмата на ансамблот за народни игри и песни на МАКЕДОНИЈА – ТАНЕЦ
04. 07.2024 г. Севернашки ансамбл од Р. Бугарија
04. 07.2024 г. КУД Илинден од Битола, Р.С.Македонија
(Музичко сценскиот проект „На Панигир“ – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина)
04. 07.2024 г. ФА Љупчо Сантов од Оризари – Кочани, Р.С.Македонија (сплет на Ора од Осоговијата)
05. 07.2024 г. Севернашки ансамбл од Р. Бугарија
05. 07.2024 г. Фолклорно студио Блажески од Скопје, Р.С.Македонија
05. 07.2024 г. Фолклорен ансамбл Бисери од Охрид, Р.С.Македонија (Повардарие)
КУД “Круг” од Сиднеј и КУД “Бенџо” од Мелбурн, Австралија
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!
Место: Долни Сарај / 20.30 часот
Алтернативна сцена: голема сала во НУЦК “Григор Прличев”-Охрид








