На дрвениот мост на истекот на реката Црн Дрим, заедно со Миладин Угреновиќ Мидвес и Димче Шипинкаровски Живко Поповски – Цветин одржа ликовна мироцветна работилница и изложба посветена на раѓањето на Црн Дрим, раѓањето на децата и љубовта кон нив.
Симболично овој настан го нарековме „ПО ЉУБОВНИОТ ПАТ НА ЈАГУЛАТА“ – рече познатиот миротоворец и љубител на цвеќето Живко Поповски-Цветин.
Најголем дел од цртежите се „родија“ токму во тој миг во Струга.
Цветин наслика и Златна Роза на сина основа, сино небо и вода на дрвениот мост каде што истекува реката ЦРН ДРИМ во Струга.
Неговото „Цвеќе на мирот“ го заобиколи светот и стигна во рацете на илјданици знајни и незначјни луѓе – ширејќи ја енергијата на љубов- мир и почит.
Фото: Александар Менкиноски
Публицитет.мк