Утре, четврток шести август од 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид премиерно ќе биде прикажан документарен филм на Љупчо Паункоски со наслов: „Eдно време, една генерација, едно училиште“
-Ова е мојот деветти документарен филм. Во него е опфатен периодот од 1954 до 1963 година и случките на една генерација. Вториот дел го обработува периодот после 50 год, поточно од 2013 па се’ до денес. Во филмот се поместени изјави на некогашните ученици кои за прв пат зачекориле во училишните клупи пред 63 години, како и нивните желби за повторно дружење и враќање на спомените од минатото како и нивните заложби преку скромни донации да го помогнат нивното училиште, вели авторот на филмот Љупчо Паункоски, за Публицитет.мк
Сите заинтересирани можат да присуствуваат на премиерата на докумнетарецот а влезот е бесплатен.
Публицитет.мк







