На изборите наредната 2024 година СДСМ оди на двојна победа, на претседателските и на парламентарните избори, рече денеска премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во Охрид.
Поведовме иницијатива за формирање на Европски фронт со сите политички партии, невладини организации, активисти, поединци, сите кои делат исти вредности со нас и кои го поддржуваа европскиот пат, без разлика на етничката или идеолошката припадност.Европски фронт за членство во ЕУ, за европски стандарди и европски вредности.
Како што се доближуваме до изборите наредната година се појасно е, СДСМ ќе го има победничкиот кандидат на претседателските избори и СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада со која ќе ја внесеме земјата во ЕУ. Антиевропската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и Левица ќе доживее уште еден пораз. Имавп ријатна средба со моите сопартијци, социјалдемократи од општинската организација во Охрид, напиша на социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Ковачевски.
Тој во придружба на раководството на СДСМ – Охрид – претседателката Кристина Крлеска – Деспотоска и пратеничката Жаклина Лазареска ја посети црквата Св. Ѓорѓи во Горна Влашка маала и во пораката на граѓаните им го честита големиот христијански празник.
Публицитет.мк