• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ

април 6, 2023
in Омнубус
Промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ

Во сабота во организација на Црвен крст – Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ, во издание на реномирана издавачка куќа „Медицинска наклада“ од Загреб, Хрватска.

Ова е книга за школата за медицински сестри Млинарска во Загреб – прва во земјата во тоа време, за годините на нивното образование, за професионалната пракса на загрепските клиники, за медицинските сестри воопшто. Според нејзината програма, во 1921 година биле отворени медицински школи и во други центри на земјата, меѓу кои и школа за медицински сестри во Скопје.
Книгата сведочи за една младост од 70-те години на 20-от век, за нивните соништа и стремежи, за љубовта, музиката која ја слушале, филмовите кои ги гледале…
Книгата содржи 34 приказни, кои прават една целина, а го опишуваат времето на школување во училиштетео на Млинарска 34 (па затоа и 34 приказни), во периодот од 1972/1976 година. Тука се испреплетени приказните од дружбите во училиште, годишнините од матурата, како и некои од размислувања на тогашните генерации за сестринството и здравството воопшто.
Оваа книга е доказ дека некогаш и мал спомен може да поттикне многу сеќавања. Меѓу сеќавањате во книгата се вткаени прекрасните впечатоци од матурската екскурзија во Охрид во 1975 г. и посетата на други градови во Македонија, а како додаток, во содржината е опишана и репризата на матурската екскурзија повторно одење во Охрид, во 2016 г. по повод 40 годишнината од матурата и матурскската екскурзија.

Од Црвен крст велат:  Искористете ја оваа единствена можност да ги запознаете медицинските сестри од Хрватска, генерација 1972-1976 и да ги слушнете нивните искуства и визии за сестринството и сестринската нега, но и нивните впечатоци од Охрид и Македонија, тогаш и сега.
Настанот кој го организира Црвен крст Охрид, во соработка со Културно Информативниот Центар на Северна Македонија во Загреб, Хрватска и Општина Охрид, ќе се одржи на 8 април 2023, сабота во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12 ч.

Публицитет.мк 

Посетеност: 108
Share
Previous Post

Голема хуманитарна забава„Од срце за Бојан Крстески“

Next Post

Денес им е роденден: Татјана Кичеец – Тодоровска

Next Post
Денес им е роденден: Татјана Кичеец – Тодоровска

Денес им е роденден: Татјана Кичеец - Тодоровска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 108

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk