• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, мај 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Промоција на книгите „Цветен поздрав“ и „Мојот двор“ од Драган Р. Сајиќ

септември 3, 2024
in Култура
Промоција на книгите „Цветен поздрав“ и „Мојот двор“ од Драган Р. Сајиќ

Во рамките на настаните поврзани со развојот на мрежата на хортикултурни библиотеки во нашата држава, во која членува и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во Прличевата одаја на библиотеката на 6 септември во петок од 12 часот ќе гостува еминентниот автор Драган Р. Сајиќ од (Р.Србија).

Во оваа пригода ќе бидат промовирани неговите најнови книги: „Цветен поздрав“ и „Мојот двор“ а присутните ќе имат моќност да поставуваат и прашања и да разговараат со авторот.

Во својата прва книга „Цветен поздрав“ Сајиќ на практичен начин  не запознава со светот на цвеќињата и дава совети за нивното одгледување, додека во втората книга „Мојот двор“ нуди еден од можните начини да живееме во хармонија со растенијата во нашата непосредна околина, користејќи при тоа директен стил на разговор што ви дава чувство дека разговарате со пријател, во сенката на вашето омилено дрво.

Двете книги се сметаат за бестселери во областа на хортикултурата.  

Цветната приказна за поубав Охрид се сведува на максимата: се’што сакаме да знаеме за одгледувањата на украсните растенија ќе можеме конкретно да научиме или да се потсетиме на средбата со гостинот од Србија, Драган Р. Сајиќ.

Сајиќ е пасиониран љубител на убавото, така што долгогодишната работа со растенијата резултира со формирање на Градинарски центар „Биосан“ – www.biosan.rs, за потоа да реализира и многу други проекти поврзани со хортикултурата.

Автор е на серијата „Градинарство“ на YouTube (практични придонеси кои го популаризираат и зачувуваат зеленилото), на првиот портал за работа со билки (1997) www.garden.rs и основач на Интернет клуб ( http://internet.org.rs).

Публицитет.мк

Посетеност: 183
Share
Previous Post

Започнаа уписите за „Полетарче“

Next Post

Малите ѕвезди од фестивалот „Распеано рибарче“ ќе ја потсетат публиката на новите хитови

Next Post
Малите ѕвезди од фестивалот „Распеано рибарче“ ќе ја потсетат публиката на новите хитови

Малите ѕвезди од фестивалот „Распеано рибарче“ ќе ја потсетат публиката на новите хитови

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 183

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk