• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Проф. д-р Виолета Ачкоска: „Вујко ми Живко Чинго беше берач на туѓи гајлиња“

август 13, 2024
in Во потрага по трајната убавина
Проф. д-р Виолета Ачкоска: „Вујко ми Живко Чинго беше берач на туѓи гајлиња“

Пред 89 години на денешен ден 13 август 1935 година во селото Велгошти е роден Живко Чинго, истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски автор.
Чинго според критиката е познат како автор со својствен раскажувачки свет, исклучителен по својата оригиналност, едноставност, со својата поетичност и непосредност, со својата раскажувачка драматика. Неговото творештво е високо вреднувано од македонската и југословенската критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, словенечки, албански, руски, полски, француски, унгарски и германски.
Во негова чест во Велгошти вечерва ќе се одржи традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ на која ќе биде доделена и наградата за најдобар расказ. Организатор е Општина Охрид.


За Чинго и неговото богато творештво кое за жал беше прекинато токму во годините во кои тој можеше да остави уште многу во македонската литература се изјасниле многу критичари.
Публицитет.мк ексклузивно во аудио форма ви го предава разговорот направен вчера со внуката на Чинго, проф. д-р Виолета Ачкоска, која со многу емоции, по некоја солза, но и радост дека токму Чинго и беше вујко, раскажува топло за тој нивни однос од мигот кога памети него.


Со д-р Ачкоска разговараше Милчо Јованоски – кликнете на линкот за да го слушнете разговорот:

https://s39-hzfi.freeconvert.com/task/66bb1f2d34a7ba930937a65e/RAZGOVOR%20SO%20VIOLETA%20ACKOSKA%20-%20Copy.mp4

Еве уште неколку податоци за Чинго. Тој во родното Велгошти завршил основно училиште, а гимназија во Охрид. Во 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата за југословенска литература. Извесно време работел како професор по книжевност во гимназијата во Охрид, а во Скопје работел во: „Студентски збор“, во „Млад борец“, во Радио телевизија Скопје, во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, во Центарот за политички студии, а бил и долгогодишен директор на Драмата при Македонскиот народен театар. При крајот на животот работел како советник при Републичкиот комитет за култура. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а бил и член на МАНУ. Умрел на 11 август 1987 година.
Чинго е автор на следниве дела:
•„Пасквелија“ (раскази, 1963)
•„Семејството Огулиновци“ (раскази, 1965)
•„Нова Пасквелија“ (раскази, 1965)
•„Сребрените снегови“ (роман за деца, 1966)
•„Пожар“ (раскази, 1970)
•„Големата вода“ (роман, 1971)
•„Жед“ (сценарио, 1971)
•„Поле“ (сценарио, 1971)
•„Образов“ (драма, 1973)
•„Ѕидот, водата“ (драма, 1976)
•„Вљубениот дух“ (раскази, 1976)
•„Кенгурски скок“ (драма, 1979)
•„Макавејските празници“’ (драма, 1982)
•„Накусо“ (раскази, 1984)
•„Пчеларник“ (сценарио, 1988)
•„Гроб за душата“ (раскази, 1989)
•„Бабаџан“ (роман, 1989)
•„Бунило“ (раскази, 1989)
•„Ал“ (проза, 1989)

Публицитет.мк

Посетеност: 666
Share
Previous Post

Љупчо Соколовски: Фолк елита на Фолк вечер на „Охрид фест“

Next Post

Петар Симоноски: Дервенџиството во Трпејца во втората половина на XVI век

Next Post
Петар Симоноски: Дервенџиството во Трпејца во втората половина на XVI век

Петар Симоноски: Дервенџиството во Трпејца во втората половина на XVI век

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 666

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk