• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 31, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Рафинирано хорско музицирање со ангелските гласови од „Света Злата Мегленска“

април 13, 2023
in Култура
Рафинирано хорско музицирање со ангелските гласови од „Света Злата Мегленска“

Во типичниот сакрален амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ вчеравечер приреди  прекрасно спиритуално чествување во духот на православното црковно пеење.

Велигденскиот концерт под наслов „Воскресение твоје“ се одржа во организација на НУ „Охридско лето“, установа која останува доследна на презентирањето и промовирањето на високите уметнички вредности.

Репертоарот  на прекрасниот хорски ансамбл прозвучи со восхитувачка убавина, влевајќи мир, спокој, радост и возвишеност кај присутната публика токму поради занесното музицирање, префинетата естетика и исклучителниот сензибилитет на членовите на овој хорски ансамбл.

-Огромна благодарност до институцијата „Охридско лето“ што ја имавме таа чест да бидеме дел од програмските активности на фестивалот. Посебно ни е драго што го одржавме Велигденскиот концерт „Воскресение твоје“  пред охридскатата публика и пошироката јавност, воочи најголемиот празник на православните христијани. Големо е задоволството затоа што охридската публика ни е многу позната. Заедно го прославуваме велигденскиот празник на пригоден начин. Репертоарот беше наменски, исклучиво црковна православна музика од домашни и светски автори, изјави креаторката на концертот, Летка Димовска-Полизова под чија диригентска палка се одржа овој настан.

Секое огласување на Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ е посебно доживување, особено што станува збор за ансамбл со  високо европско и светско реноме на чии концертни сцени и меѓународни конкурси  се здобиле со многу награди и признанија.

Хорот е составен од 22 ангелски гласови, вљубенички на хорското камерно музицирање од кои повеќето се млади академски образовани музичари, студентки од Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите универзитети во земјава. Основач, диригент и уметнички раководител е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.

Публицитет.мк 

Посетеност: 119
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Ристо Медароски

Next Post

Во Будимпешта состанок за иднината на Здружението на ученички и студентски домови од регионот

Next Post
Во Будимпешта состанок за иднината на Здружението на ученички и студентски домови од регионот

Во Будимпешта состанок за иднината на Здружението на ученички и студентски домови од регионот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 119

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk