• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Светски ден за борба против СИДА и Недела на борба против СИДА

декември 1, 2024
in Омнубус
Светски ден за борба против СИДА и Недела на борба против СИДА

1-ви декември, Светски ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2024 г.), Црвен крст Охрид го одбележува со низа активности во рамките на светската кампања под мотото   „ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА“  потенцирајќи го значењето и важноста од заедничкото делување во борба против СИДА-та.  Овој ден претставува заедничка борба, не само медицинска туку и општествена, во која секој сегмент има клучна улога.

Се проценува дека во текот на минатата 2023 година, 39,9 милиони луѓе ширум светот живееле со СИДА, 1,3 милиони луѓе заболеле од СИДА, а околу 630 милиони луѓе починале од причини поврзани со оваа болест

Со цел подигање на нивото на свеста во јавноста за СИДА и изрази поддршка на оние кои живеат со ХИВ, Црвен крст Охрид ќе реализира низа активности.

Денесн 1 декември, волонтерите на Црвен крст Охрид низ охридските улици, кафулиња и јавни собиралишта на минувачите, посетителите ќе им ставаат црвени панделки како универзален симбол за свеста дека СИДА-та постои и како поддршка за оние кои живеат со СИДА. Ќе се дели и едукативен материјал, кондоми и совети за превенција и заштита од ХИВ/СИДА.

Во основните и средните училишта дистрибуирани се типизирани предавања со цел учениците, во текот на Неделата на борба против СИДА (1-7 декември) да се запознаат со основните знаења за ХИВ вирусот, начин на пренесување и заштита.

Во текот на Неделата на борба против СИДА планирани се интерактивни едукативни предавања и работилници со младите врснички едукатори во просториите на Црвен крст Охрид и во училиштата.

Активностите организирани по повод Светскиот ден и Неделата на борба против СИДА имаат за цел да го свртат вниманието на јавноста за значењето на превенцијата и раното откривање на инфекцијата со ХИВ вирусот.

И оваа година активностите во кампањата на Црвен крст Охрид за борба против ХИВ/СИДА се во соработка и со поддршка од Canadian for Children at Health Risk од Канада.

Публицитет.мк

Посетеност: 198
Share
Previous Post

Чувајте ги оние луѓе кои од вас не бараат ништо, а покрај кои вие имате се’

Next Post

За Нова година Охрид ќе биде преполн со гости

Next Post
За Нова година Охрид ќе биде преполн со гости

За Нова година Охрид ќе биде преполн со гости

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 198

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk