• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Свеченост по повод 80 години од создавањето на 6. Македонска народноослободителна бригада

септември 6, 2024
in Актуелно
Свеченост по повод 80 години од создавањето на 6. Македонска народноослободителна бригада

Денеска, по повод 6-ти Септемри, кога се одбележува  80 годишнината од создавањето на 6. Македонска народноослободителна бригада и 32 години од формирањето на 6 пешадиска бригада, во касарната во Охрид се одржа пригодна свеченост.

Пред построената единица од воените ветерани и резервисти на 6-та пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија, за нејзиниот развоен пат, зборуваше полковникот во пензија и претседател на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, Добре Велјаноски. На свеченоста, присуствуваа генералот во пензија и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија, Илија Николовски, воедно и претседател на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, генералот во пензија Филип Котели, претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски, претставници на СВР Охрид како и повеќе поранешни припадници на единицата и раководители во безбедносните служби на Армијата и полицијата. Полковникот Велјаноски, им оддаде признание на сите припадници на Армијата кои, несебично се вградија во развојот на единицата и на Македонската армија, потсети на историските судбоносни моменти од периодот на заминувањето на поранешната југословенска војска и формирањето на првата единица на АРМ. Во рамките на одбележувањето на денот, синоќа во просториите на касарната се одржа  трибина на тема „6. Бригада“ во касарната во Охрида трибина на која говореа генералот Котели, пензионираниот потполковник Павле Момироски и заставникот Сенај Идризоски. Велјаноски рече дека, припадниците на единицата, на 8 септември  ќе изведат марш по борбениот пат на 6. Македонско народноослободителна бригада почнувајќи од касараната, преку селата Годивје, Цер до Крушево.

Во знак на почит за посебниот придонес во формирањето на 6 пешадиска бригада, претставници на воените ветерани од единицата и ветераните од областа на одбраната и безбедноста, положија свежо цвеќе на гробот на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба.

Публицитет.мк

Посетеност: 172
Share
Previous Post

DW: Лето 2024 – најтопло од почетокот на мерењата

Next Post

Охрид ќе биде домаќин на 67 светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација

Next Post
Охрид ќе биде домаќин на 67 светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација

Охрид ќе биде домаќин на 67 светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 172

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk