• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

СВР Охрид: Униформирани полициски службеници на велосипед патролираат низ градот

август 2, 2023
in На минување
СВР Охрид: Униформирани полициски службеници на велосипед патролираат низ градот

Од вчера СВР Охрид, во редовната полициска работа низ градот и туристичките населби во околината, ја воведе велосипедската полициска патрола. Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучија во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни кривични дела по плажите и паркинзите, како и во централното градско подрачје.

Велосипедската полиција е современа форма на полициското работење што треба да обезбеди поблизок контакт, односно посилно партнерство со граѓаните, како и нова содржина во превентивното делување, со што кај јавноста треба да се подигне степенот на меѓусебна доверба и позитивна перцепција за полицијата како јавен сервис во служба на граѓаните. Таа е и начин за поголема мобилност на полициската служба, посебно во летните месеци кога има зголемена фреквенција на сообраќајниците во Охрид, можност за побрзо пристигнување на местото на настанот каде има нарушување на јавниот ред и мир или имотен деликт, посебно во централното градско подрачје, откривање и пронаоѓање на сторителите на кривични дела или одржување на јавниот ред и мир, како и укажување помош и заштита на граѓаните и поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи утврдени со закон. Велосипедската полициска патрола во Охрид, за првпат стартуваше во 2008 година, откако припадниците поминаа низ посебна обука, реализирана од инструктор со сертификат за посебни техники на полициско велосипедско патролирање, претходно обучен од американски полициски обучувачи за полициско патролирање на велосипед. Овој начин на патролирање значително придонесува за подигање на степенот на севкупната безбедност во Охрид, особено во летните месеци.

Покрај другото, патролата претставува посебна туристичка атракција која со воодушевување е прифатена од охриѓани и од туристите. Патролата е редовно присутна и во обезбедување на музички и спортски манифестации што во летниот период се одржуваат во Охрид. Покрај позитивното делување за поблизок контакт со граѓаните, посебно со младите, патролата го афирмира велосипедизмот како спортска дисциплина, ја промовира грижата за здрав начин на живот и го надоградува позитивниот имиџ на полицијата во јавноста. Секако, тука е и значителната економска оправданост од постоењето и работата на велосипедската полициска патрола.

Публицитет.мк 

Посетеност: 184
Share
Previous Post

Стипендии за странски студенти со македонско потекло од Балканот да студираат на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Next Post

Пораки за сплотеност од Мечкин Камен, Пелинце и Кале

Next Post
Пораки за сплотеност од Мечкин Камен, Пелинце и Кале

Пораки за сплотеност од Мечкин Камен, Пелинце и Кале

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 184

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk