• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

СДСМ го штити и унапредува македонскиот јазик

декември 8, 2023
in Актуелно
СДСМ го штити и унапредува македонскиот јазик

Денеска оддаваме почит и го славиме делото на Свети Климент, создавачот на првиот универзитет на Балканот со огромен придонес за македонската писменост, јазик, идентитет, изјави на прес во Скопје пратеничката Жаклина Лазаревска. 

Токму на овој ден со гордост може да кажеме дека СДСМ го обезбеди признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, го штити и унапредува.

Македонскиот јазик денеска е признат во Обединетите нации, а со потпишување на Договорот со Фронтекс е дел и од Европската унија.

Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик.

Подготвивме и нов Закон за употреба на македонски јазик.

 

Со овој закон се прошируваат областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо.

Се проширува опсегот на задолжително лекторирање на текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката.

Согласно Законот се предвидува основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице.

Грижата за македонскиот јазик не завршува тука.

После 24 години, обезбедивме можност за 16 вработувања, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки во Институтот за македонски јаик.

Со буџетски средства ја поддржавме дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, за трајна заштита на околу 5 милиони вредни записи на македонски текстови, некои од нив дури од 14-от век.

Во тек е проектот за реконструкција и ревитализација на старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно, односно негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Го поддржавме и проектот за дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Дигитализиран е и Правописот на македонски јазик. И е воведен Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година, кога тогашната Влада го официјализира современото македонско писмо.

Со сето ова покажуваме цврста определеност да осигуриме ефективна заштита, негување, промоција и афирмација на македонскиот стандарден јазик!

Македонскиот јазик денес е научна, книжевна и политичка реалност во Европа и светот, рече на прес пратеничката Жаклина Лазаревска. 

Извор: СДСМ 

Публицитет.мк 

Посетеност: 155
Share
Previous Post

Вечерва премиера на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ од Илија Пиперкоски

Next Post

Предновогодишни радости во Дом „Софија“ во Битола

Next Post
Предновогодишни радости во Дом „Софија“ во Битола

Предновогодишни радости во Дом „Софија“ во Битола

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 155

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk