• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СДСМ – Охрид: Станува ли водата за пиење луксуз во Охрид?

јуни 17, 2023
in Тикер
СДСМ – Охрид: Станува ли водата за пиење луксуз во Охрид?

ЈП ,,Водовод” ги ,,почести” охриѓани со ново поскапување на водата, велат од ОО на СДСМ – Охрид. 

Локалното раководство непрестано си поигрува со граѓаните, со цел да задоволи партиски послушници давајќи ,,амин” на безидејните постапки на менаџерските тимови по јавните претпријатија, велат  СДСМ – Охрид. 

По кој знае кој пат негрижата за охриѓани и злоупотребата на нивните пари се манифестира со уште едно „Соломонско решение“, а тоа е ново поскапување, овој пат на водата за 15% по барање на директорот до Регулаторна комисија, а секако со амин од градоначалникот,

 Македонската Влада не бираше партиска припадност во екот на кризата кога требаше да помогне и водени од солидарноста и интересот на граѓанинот како единствена цел, Владата субвенционираше и издејствува нова цена за електрична енергија за сите јавни водоводни претпријатија и тоа 95 евра за мегаватчасови, наспроти претходната која изнесуваше 700 eвpа. Но, и ова не им беше доволно на Локалците па секојдневно од страна на менаџерскиот тим на ЈП „Водовод“ слушаме манипулативни искази дека долгот за електрична енергија е причина за нестабилност на претпријатието, потенцираат од СДСМ – Охрид.

Додаваат дека и покрај неколкуте современи решенија за дистрибуирање на водата и намалување на потрошувачката на електрична енергија, директорот не гледа интерес од решавање на овој горлив проблем.

Но затоа, личниот интерес и интересот на локалното ДПМНЕ благовремено и ревносно го задоволува со нови 12 партиски вработувања. Од друга страна согласно Одлука на Управниот одбор луѓе професионалци, не толку блиски до оваа локална власт се упатуваат на принудно платено отсуство -70%. И додека проблемите и обврските и понатаму растат, концентрирани на партиските вработувања и задоволувањето на личните интереси, во Годишниот план за работата на ЈП „Водовод“, освен активностите препишани од претходните години, не можат да се забележат инвестиции кои сериозно ќе влијаат на намалување на загубата на вода која изнесува скоро 70%.

Директорот, велат, очигледно свесно дозволува неконтролирана злоупотреба на преработената вода за пиење за наводнување на аграрни површини и паркови во централното градско подрачjе и дискутабилно поврзување на потрошувачите на сопствени извори на вода, без притоа да бидат целосно исклучени од главната водоводна мрежа упатувајќи прашање дали се доведува целиот град во опасност од последици од пиење нечиста вода на овој начин?

Секојдневни дефекти на охридските улици кои траат со денови, секојдневните вработувања на партиски послушници, огромната загуба на вода, селективно сервисирање на добавувачи и адвокати блиски до директорот и Локалното раководство, безидејност за изработка на нови проекти кои директно ќе влијаат на квалитет на услугата и општата состојба на ЈП „Водовод“ се основна причина за лошата финансиска состојба на ова jавно претпријатие, а не електричната енергија. Дали граѓаните заслужуваат вакви менаџерски тимови и раководства на кои најлесно им е да удрат по џебот на граѓаните? Дали за жал дојде време во Охрид водата да биде луксуз? Охрид заслужува домаќинлук, а не деструктивност и селективност, додаваат во соопштението од ОО СДСМ Охрид.

Публицитет.мк 

 

 

Посетеност: 107
Share
Previous Post

Утврдниот текст на Предлогот на Закон за ратификација на спогодбата помеѓу С. Македонија и Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро

Next Post

Излезе од печат втората стихозбирка „Хипербореја“ од Блаже Петревски, во издание на Академска Мисла, Скопје.

Next Post
Излезе од печат втората стихозбирка „Хипербореја“ од Блаже Петревски, во издание на Академска Мисла, Скопје.

Излезе од печат втората стихозбирка „Хипербореја“ од Блаже Петревски, во издание на Академска Мисла, Скопје.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 107

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk