• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Северна Македонија се подготвува за успешен старт на домашна берза на електрична енергија

февруари 22, 2023
in Тикер
Северна Македонија се подготвува за успешен старт на домашна берза на електрична енергија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претставници на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, со фокус на енергетиката. 
 
На средбата присуствуваа и Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Симон Шутиноски, управител на националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, Виктор Андонов,соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата како и Васко Кичевски, секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата.На средбата беа разменети мислења за плановите за стартување на националнaта берза на електрична енергија-МЕМО, како и потребните предуслови за нејзино функционирање. 
 
При тоа, беше нагласено дека создавањето на МЕМО е чекор кон поврзување на домшниот пазар со соседните , кој ќе биде дел од европскиот пазар.Премиерот Ковачевски, на средбата, нагласи дека законодавството на Северна Македонија е прилагодено на законодавството на ЕУ со што се создадени предуслови за почеток на македонската берза за електрична енергија.Во таа насока, тој додаде дека Владата ги поддржува заложбите за носење на одржливи решенија на полето на енергетиката.Џери Дибл, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава, нагласи дека УСАИД обезбедува континуирана поддршка на Северна Македонија во делот за реформски процеси во секторот енергетика, вклучувајќи ги и напорите кон понатамошно интегрирање во регионалниот и европскиот енергетски пазар.
Берзата на електрична енергија е пракса во цела Европа, како и во целиот свет.  
 
Истата, треба да овозможи транспарентна цена за мегаватчас електрична енергија за секој час во текот на едно деноноќие, а струјата да се купува и продава по јавни, транспарентни цени кои се формирани само и исклучиво од понудата и побарувачката за електрична енергија.
 
Публицитет.мк 
Посетеност: 130
Share
Previous Post

Во Охрид денеска беше потпишана регионална Спогодба за потраги и спасување во воздухопловството

Next Post

Потребна е поширока афирмација на волонтерската работа

Next Post
Потребна е поширока афирмација на волонтерската работа

Потребна е поширока афирмација на волонтерската работа

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 130

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk